Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Одбојкарска (спортска) среда за дерби натпревари

  • December 5, 2023

Иако утре нема вонредно коло, спортската среда во Македонија ќе има силна одбојкарска нишка. Двата одложени натпревара во сениорските конкуренции го носат епитетот дерби затоа што ќе играат две од трите најдобри екипи на табелата досега.

Во Првата лига (мажи) Штип УГД ќе ја пречека Струмица 47&72 со надеж дека пред своја публика ќе биде достоен ривал за бранителот на ланската двојна круна и за најдобриот македонски тим во минатата деценија. Штипјани досега забележаа седум победи на осум натпревари и во оваа сезона најавуваат дека не само што ќе играат во Втората фаза-1 напролет, туку дека ќе остават силна трага во трката за највисок пласман. Актуелниот првак немаше кикс, ги доби сите осум меча, а по завршувањето на европската авантура, целосно ќе биде посветен на домашната сцена, а тоа можеби ќе го стави домашниот состав во потешка ситуација во однос на претходните противници на шампионот.

Кај дамите, Јанта волеј ќе сервира против Струмица жени со полна самодоверба по вчерашниот успех во дербито со Наковски волеј на гостински терен. Со таа победа, вицепрвенките имаат биланс 8-2 и се доближија на само еден чекор до Наковски волеј, но за два триумфа заостануваат од Струмица жени. Тоа значи дека водечките на табелата утре во Скопје може да играат растоварено знаејќи дека без разлика на резултатот, секако ќе ја задржат првата позиција. Струмица жени досега не згреши ниту еднаш и со максимално остварување најави дека сезонава сериозно конкурира за пехар.

Прва лига (мажи), 8-мо коло

Штип УГД – Струмица 47&72               (6-ти декември, среда, 19.00)

Табела: Струмица 8-0, Лирија 7-2, Штип УГД 7-1, Весна Пробиштип 6-3, Шкендија 5-4, Работнички 5-3, Универзитет во Тетово 5-4, ГОК Борец 4-5, Јанта волеј 2-6, Сушево 2-7, Вардар 1-8, Македонија Џио 0-9.

Прва лига (жени), 10-то коло

Јанта волеј – Струмица жени              (6-ти декември, среда, 20.00)

Табела: Струмица жени 10-0, Наковски волеј 9-2, Јанта волеј 8-2, Работнички Скопје 6-5, Фит фан волеј 4-7, Младост УГД 4-7, Вардар ЕМ 2-9, Вардар жени 0-11.

  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • January 5, 2026

Нема празници за Штип УГД, на Бадник, во Милано го игра реваншот од Челинџ купот

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (22)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings