Најдобрите две екипи во машка конкуренција ќе излезат на мегдан викендов во одбојкарскиот шампионат на Македонија иако се знае дека квалитетот целосно е на страна на Струмица 47&272 против Лирија. Кај дамите дербито е в понеделник со пренос на МРТ-3 од 18 часот и 55 минути, а ќе играат Наковски волеј и Јанта волеј. Во репризата на ланското полуфинале, струмичкиот состав ќе влезе со девет победи и еден пораз досега забележан во пресметката со Струмица жени која има максимален ефект, а Јанта волеј ќе се надева на осмиот триумф во десеттиот настап сезонава.
Прва лига (мажи), 9.коло
Весна Пробиштип – Вардар 3:0 (25:12, 25:8, 25:15)
Универзитет во Тетово – Сушево 3:0 (25:22, 25:18, 25:20)
Струмица 47&72 – Лирија 3:1 (25:13, 25:13, 23:25, 25:15
Јанта волеј – Штип УГД 0:3 (11:25, 16:25, 18:25)
Шкендија – Работнички 71&22 1:3 (17:25, 25:20, 20:25, 23:25)
Македонија Џио – ГОК Борец 0:3 (14:25, 9:25, 19:25)
Табела: Струмица 8-0, Лирија 7-2, Штип УГД 7-1, Весна Пробиштип 6-3, Шкендија 5-4, Работнички 5-3, Универзитет во Тетово 5-4, ГОК Борец 4-5, Јанта волеј 2-7, Сушево 2-7, Вардар 1-8, Македонија Џио 0-9.
Прва лига (жени), 11-то коло
Работнички Скопје – Фит фан волеј 3:1 (24:26, 25:10, 25:22, 25:20)
Младост УГД – Вардар ЕМ 3:0 (25:18, 25:17, 25:20)
Вардар жени – Струмица жени 0:3 (15:25, 18:25, 12:25)
Наковски волеј – Јанта волеј 2:3 (26:24, 20:25, 19:25, 25:21, 11:15)
Табела: Струмица жени 10-0, Наковски волеј 9-2, Јанта волеј 8-2, Работнички Скопје 6-5, Фит фан волеј 4-7, Младост УГД 4-7, Вардар ЕМ 2-9, Вардар жени 0-11.
Втора лига (жени), 7-мо коло
Газели волеј – Фламинго волеј 3:1 (25:16, 25:19, 24:26, 25:18)
Бами Кор – Универзитет во Тетово 3:0 925:18, 25:9, 25:6)
Виктори волеј – Ускана волеј 0:3 (22:25, 12:25, 11.25)
Куманово – Пелистер волеј 0:3 (12:25, 10:25, 9:25)
Форца волеј Ема – Македонија Макс 3:1 (25:27, 25:15, 25:14, 25:18)
Табела: Пелистер волеј 6-1, Бами Кор 6-1, Газели волеј 6-1, Ускана 5-2, Фламинго волеј 4-3, Виктори волеј 3-4, Форца волеј Ема 3-4, Македонија Макс 1-6, Куманово 1-6, Универзитет во Тетово 0-7.