Повторно дерби кај дамите и неколку интересни натпревари за позиционирање кај одбојкарите

Иако сезоната е се уште во почетна фаза, одбојкарите уште отсега играат важни натпревари во заземањето позиции за пласман во првата половина од табелата, а со тоа за учество во шампионскиот лигашки сегмент напролет. Од резултатски аспект, Лирија, Шкендија и Струмица 47&22 влегоа најдобро во сезоната, а дури шест екипи остварија половичен биланс, па на харија ќе има неколку средби со епитет дерби иако јасно е дека единствено доминантен тим е актуелниот шампион Струмица 47&72. Во двојната програма под Шара, во градската пресметка, Шкендија ќе се обиде да го задржи максималниот биланс против Универзитет, а Лирија ќе го пречека составот на Работнички 71&22, додека, пак, локално соочување ќе имаат и Штип УГД и Весна Пробиштип.

Кај дамите, Струмица жени е фаворит против Вардар жени да ја оствари четвртата победа во четвртиот настап, а Наковски волеј кој исто така досега не загуби натпревар, ќе има потешка обврска, а тоа е да игра на теренот на Јанта волеј. Ланскиот финалист го доби дербито во своја сала против првенките од Работнички Скопје, а доколку го повтори тој успех, ќе се изедначи со денешните ривалки.

Во одбојкарската сабота влегуваат и петте натпревари од Втората лига кај дамите. Три екипи ќе го бранат стопроцентниот ефект, Бами Кор против Форца волеј Ема, Газели волеј против Македонија Макс, а Пелистер волеј кај Универзитет во Тетово.   

Прва лига (мажи) – 3.коло

Штип УГД – Весна Пробиштип                       (сабота, 18.00)                          

Лирија – Работнички 71&22                           (сабота, 19.30)

Универзитет во Тетово – Шкендија                (сабота, 19.30)

Струмица 47&72 – Јанта волеј                     (сабота, 13.00)

Сушево – ГОК Борец                                    (сабота, 18.30)

Вардар – Македонија Џио                             (сабота, 13.00) 

Табела: Лирија 2-0, Шкендија 2-0, Струмица 47&22 2-0, Работнички 71&22 1-1, Штип УГД 1-1, Сушево 1-1, Јанта волеј 1-1, Универзитет во Тетово 1-1, Весна Пробиштип 1-1, ГОК Борец 0-2, Македонија Џио 0-2, Вардар 0-2.

Прва лига (жени) – 4.коло

Јанта волеј – Наковски волеј                          (сабота, 14.00)

Струмица жени – Вардар жени                      (сабота, 19.30)

Фит фан волеј – Работнички Скопје               (сабота, 15.00)

Вардар ЕМ – Младост УГД                            (сабота, 16.30)

Табела: Наковски волеј 3-0, Струмица жени 3-0, Јанта волеј 2-1, Работнички Скопје 1-2, Фит фан волеј 1-2, Вардар ЕМ 1-2, Младост УГД 1-2, Вардар жени 0-3.

Втора лига (жени) – 3.коло

Ускана – Фламинго волеј                               (сабота, 13.00)

Универзитет во Тетово – Пелистер волеј      (сабота, 17.00)

Газели волеј – Македонија Макс                    (сабота, 19.30)

Бами Кор – Форца волеј Ема                         (сабота, 17.00)

Виктори волеј – Куманово                              (сабота, 16.00)

Табела: Бами Кор 2-0, Газели волеј 2-0, Пелистер волеј 2-0, Ускана 1-1, Македонија Макс 1-1, Форца волеј Ема 1-1, Фламинго волеј 1-1, Виктори волеј 0-2, Универзитет во Тетово 0-2, Куманово 0-2.