Покрај пионерите, на Балканско првенство летово ќе учествуваат и македонските одбојкарски понерки (генерација 2007-ма и подоцна). На собирот во Врњачка Бања од први до петти јули ќе настапат осум репрезентации, а Македонија ќе игра во групата „Бе“ со Црна Гора, со Грција и со Турција.
Вкупно 24 одбојкарки се на списокот на стручниот штаб во којшто се селекторот Александар Митев и предводникот на сениорскиот национален состав Стефан Пауновиќ. Подготовките ќе бидат реализирани во Штип, а на нив Митев и Пауновиќ ќе ги одредат 14-те девојки коишто ќе патуваат на Балканијадата во Србија.