Македонија не успеја да се радува во дуелот со Португалија во четвртиот меч од групната фаза на Европското првенство 2026 во Софија, 0:3 (13:25, 20:25, 20:25) и со тоа ги загуби шансите за пласман во осминафиналето.
Имавме лошо отворање на натпреварот и во првиот сет пресудни беа седумте блока на противникот, како и проблемите кои ги имавме во играта во поле.
Во продолжението ја консолидиравме играта, бевме поконкретни и на мрежата и во одбраната, но тврдоглавата игра на Португалците не успеавме да ја “скршиме”. Техничките грешки ни беа главен проблем, вкупно 26, а кога на тоа ќе се додадат и 11 блока на противникот јасни се причините за поразот.
Александар Љафтов освои 10 поени, Стојан Илиев имаше осум, додека Никола Ѓоргиев и Филип Савовски запишаа по шест поени.
Последниот натпревар во групната фаза Македонија го игра утре против Израел.