Прва лига мажи: Дуел на ланските финалисти во А, тетовско дерби во Б групата

Второто коло од регуларниот дел на сезоната во Првата лига мажи ќе го обележи дуелот на ланските финалисти, Штип УГД и ГОК Борец, кој в сабота се игра во Штип, во рамките од групата А. Освојувачот на двојната круна и актуелниот вицешампион и годинава се најавуваат како најсериозни претенденти за титулите (со сета должна почит кон конкуренцијата).

Двата тима веќе се соочија пред почетокот на првенството, во премиерното издание на „Чајка“ Супер купот, кој го освои Штип УГД. На неутралниот терен во Тетово, Штипјани беа доминантни, но улога одигра и фактот дека велешкиот тим беше некомплетен, односно настапи без странците кои чекаа административно „зелено светло“. Сега ГОК Борец треба да настапи со комплетни сили, додека шампионот експресно да се рехабилитира од тешкиот меч во ЦЕВ Лигата на шампионите кој во средата го одигра пред својата публика со Орион Старс. Меѓусебниот дуел во раната фаза од првиот дел може да биде најава во која насока ќе се движат работите оваа полусезона.

Во Првата А лига, Сушево ќе ја пречека Струмица 47&72 и ќе се обиде да ја запише и првата победа на домашен терен во регуларниот дел од сезоната. Струмичани, пак, се надеваат на продолжување на победничката серија.

Универзитет во Тетово и Работнички 71&22 преку меѓусебен дуел ќе ги бараат првите бодови на табелата.

Во Првата Б лига, пак, во центарот на вниманието е градското дерби меѓу Шкендија и Лирија. Двата тима имаа сигурен старт на првенството и сега и едните и другите се со желба да го задржат беспрекорниот учинок. Јанта Волеј мажи и Македонија Џио ќе играат за прва победа сезонава, а во иста ситуација е и Весна Пробиштип, која го пречекува Скопје.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

РАСПОРЕД, 2. КОЛО (31.10.2026)

ГРУПА А

Универзитет во Тетово – Работнички 71&22 19:30ч.

Сушево – Струмица 47&72 18:00ч.

Штип УГД – ГОК Борец 20:00ч.

ГРУПА Б

Јанта Волеј – Македонија Џио 13:30ч.

Весна Пробиштип – Скопје 11:00ч.

Шкендија – Лирија 19:00ч.