Бранителот на титулата Турција со беспрекорен старт на ЕвроВолеј 2026 кај дамите

Актуелниот европски првак, Турција, кој истовремено е и еден од домаќините на ЕвроВолеј 2026 во женска конкуренција со максимална победа од 3:0 (25:17, 25:16, 25:16) против Летонија ја стартуваше групната фаза пред својата публика во полната сала „Синан Ердем“ во Истанбул.

Турчинките важеа за апсолутен фаворит и го потврдија тоа во дуелот против Летонија, која по пауза од 29 години игра на еден континентален собир.

Европското првенство во женска сениорска конкуренција се игра од 21 август до 6 септември во Турција, Чешка, Азербејџан и Шведска.

ЕВРОВОЛЕЈ 2026 ЖЕНИ

ГРУПНА ФАЗА, РЕЗУЛТАТИ, 1. КОЛО

Франција – Словачка 3:0 (25:13, 25:21, 25:13)

Австрија – Србија      0:3 (17:25, 9:25, 21:25)

Хрватска – Италија    0:3 (9:25, 22:25, 23:25)

Азербејџан – Португалија    3:1 (25:22, 23:25, 27:25, 25:20)

Бугарија – Украина   3:0 (25:23, 25:23, 25:20)

Турција – Летонија    3:0 (25:17, 25:16, 25:16)

Шведска – Црна Гора           3:0 (25:13, 25:18, 25:23)

Чешка – Грција          3:1 (25:14, 23:25, 25:15, 25:20)