Машката репрезентација на Македонија до 20 години попладнево во Крушево ги започна подготовките за Зонските квалификации за Европското првенство 2027.
Оваа генерација одбојкари по ланскиот настап на Европските младински олимписки игри, годинава добива премиерна шанса да игра во едни континентални квалификации.
Селекторот Јован Шапе во следните дваесет дена ќе ги има на располагање сите играчи кои ги повика, а екипата ќе тренира во Крушево се до заминувањето на квалификациите кои од 25 до 29 август ќе се играат во Софија.
„Верувам во Вас, затоа сте селектирани и сте тука. Не чека напорна работа“ – ги поздрави младите одбојкари селекторот Шапе и продолжи: „Верувам дека ќе бидете совесни, одговорни и дисциплинирани, и ќе ја искористите шансата која ја имате затоа што вие сте иднината на македонската одбојка. Првпат една млада репрезентација има можност да игра едни европски квалификации и без разлика на противниците се надевам дека ќе се покажеме во добро светло.“
Машката репрезентација до 20 години ќе има силна конкуренција во Зонските квалификации каде за противници ќе ги има Русија, Белорусија, Србија, Турција и Бугарија. Момците ќе играат по системот „секој со секого“, а бројот на екипи кои ќе се пласираат во следната рунда од квалификациите ќе зависи од бројот на пријавени екипи во другите пет Зонски квалификации.