Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

„Потребно е трпение, верба и време! Потенцијал има, а работата ќе донесе резултат“

  • June 23, 2026

Новиот циклус за пласман на едно континентално натпреварување, кое од оваа година е дел од Европската лига, женскиот национален тим на Македонија го започна негативно – со шест порази во исто толку одиграни натпревари.

По ланскиот одличен настап на дамите во Сребрената Европска лига, оваа година три фактори беа клучни за скромното издание – промена на стручниот штаб, подмладување на репрезентацијата и можеби она најважното, квалитетот на противниците со кои се соочуваме, со оглед на квалификацискиот карактер на Лигата.

Лани се радувавме затоа што резултатите го дозволуваа тоа (ги победивме Луксембург и Фарски Острови), но годинава исходот и реалноста се малку поинакви кога се соочуваме со ривали чие реноме, ранг и традиција се далеку пред нас. (колку за илустрација Унгарија на ранг-листата на ЦЕВ е 12. позиција, Словенија 13., Шпанија 16., Хрватска 22., Португалија 26., односно Азербејџан 28. место)

Во едно такво друштво единствено што може да се побара е подостоинствено претставување, а во нашиот случај и стручниот штаб и одбојкарките се свесни дека тоа изостана. Јавноста е немилосрдна и не признава алиби, но факт е дека месец дена е кусо време за да се „влезе“ во нов систем на работа.

„Стартувавме негативно, со шест порази во исто толку натпревари и без освоен сет, и само против некои екипи се носевме до половина од сетовите – нормално дека никој не е задоволен! Малку сум разочаран затоа што не успеавме да го спроведеме на натпреварите она што го работевме на тренинзите. Жалам и им замерувам за тоа на одбојкарките што не го дадоа максимумот, кој јас мислам дека го имаат. Ни недостасуваше повеќе борба и желба, енергија за да парираме повеќе, а тоа може ќе ни донесеше и поен, три, пет повеќе“, вели селекторот Милош Гавриловиќ на стартот на анализата за Европската лига 2026, во која за првпат ја водеше женската репрезентација.

Селекторот потенцираше две работи – квалитетот на противниците и пристапот.

„Мора да разбереме дека од ова издание во Европска лига во игра се многу сериозни и квалитетни противници, поради квалификациската тежина која ја носи натпреварувањето, а и ние немавме среќа да се соочиме со некој ривал од наш ранг. Реалната слика ја видовме и во Португалија и Шпанија дека не сме на нивото за оваа лига, а и игравме со селекции чии одбојкарки настапуваат во петте најсилни лиги во светот и шансите да направиме нешто повеќе беа нереални. Мислам дека во некои натпревари влегувавме со страв кога ќе видиме кој противник е од другата страна и тоа не дозволуваше да играме максимално, да се бориме и вистински да оставиме срце на терен. Истовремено мислам дека извлековме и поука, дека ни е потребна промена на менталитетот, на пристапот… дека и самите девојки видоа дека е потребно да работат повеќе на себе. Голем дел од нив дојдоа неподготвени на собир на репрезентација, што не смее да се случи. Екипата има потенцијал и може и многу повеќе и многу подобро, но за тоа е потребно време. Видовме и добри и лоши работи. Добрите се дека треба многу на научиме, да тргнеме сами од себе и дека одбојката е спорт кој бара многу работа и пред да се дојде на собир во репрезентацијата.“

Одбојкарките ќе имаат еден месец одмор. На 27 јули во Скопје е закажан стартот на подготовките за настапот на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

„До 27 јули за кога е предвиден следниот собир ќе имам доволно време за анализи и промени сигурно дека ќе има. Немаме многу време за сериозни ротации, но ќе мора и играчки и ментално да смениме некои работи. Потребно ни е време, верба и работа за да може да почнеме да функционираме и да парираме заедно како екипа. Треба да се работи на сите елементи во иднина, но се надевам дека до напорна работа ќе дојдат и резултатите“, потенцира Гавриловиќ.

Предводникот на дамите побара трпение и верба во процесот.

„Знам дека јавноста во Македонија не ги прифати добро овие резултати, но мислам дека и таа треба да сфати дека сме на почеток и дека реалноста е таква- другите екипи се многу поквалитетни од нас. Добро познат ми е балканскиот менталитет, но на оваа екипа и е потребна поддршка, трпение и верба. Не може секоја промена да донесе резултати преку ноќ! Го сфаќам моментот на самокритичност, но уште кога ја прифатив понудата за селектор потенцирав дека ми е предизвик да работам со млада и перспективна екипа и верувам во процесот и се надевам дека за брзо време ќе покажеме карактер и дека ќе задоволиме нечии очекувања“, завршува Гавриловиќ.

  • June 23, 2026

Миленкоски: „Имаме активен резултат, во трка сме за пласман на ЕП 2028“

  • June 22, 2026

Дамите се одјавија од Европската лига 2026

  • June 21, 2026

Со три победи и три порази Македонија го заврши учеството во Европската лига 2026

  • June 19, 2026

Милевска „Домашниот терен е дополнителна мотивација, ќе оставиме срце на терен“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (237)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (71)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (33)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings