Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“, Ускана Волеј која лани заврши како десетта во Првата лига жени и Шкендија Волеј која е дебитант во ова натпреварување.
Натпреварувачкиот систем во ова првенство останува ист како лани, односно ќе се игра двокружно по Бергер (дома-гости) вкупно 18 кола. Девет во есенскиот и девет во пролетниот дел од сезоната. По завршувањето на натпреварите се добива конечниот пласман.
Првата екипа на табелата директно обезбедува право за настап во Првата лига жени во сезоната 2027/2028, додека второ пласираната екипа игра бараж натпревар (дома-гости) со деветто пласираната екипа од Првата лига за влез во најсилното друштво.
Првенството во Втората лига жени започнува на 17 октомври, а во првото коло двојки се: Форца Волеј ЕМА и ЖОК Куманово, Универзитет во Тетово и Ново Село, Шкендија Волеј игра со Борец жени, додека Ускана Волеј ќе се соочи со Бами Кор, а тимот на Јанта Волеј БУТ игра со Шкупи.
ВТОРА ЛИГА ЖЕНИ
1.КОЛО ПАРОВИ
Форца Волеј ЕМА – ЖОК Куманово
Универзитет во Тетово – Ново Село
Шкендија Волеј – Борец жени
Ускана Волеј – Бами Кор
Јанта Волеј БУТ – Шкупи