Втора победа во низа за машката репрезентација на Македонија во годинешното издание од Европската лига. На првиот меч од вториот турнир во Глифада, нашите најдобри одбојкари со 3:0 (25:21, 25:23, 25:19) го победија Исланд.
Македонија ја оправда фаворитската улога на овој дуел, диктираше темпо во текот на трите сета и имаше и константна контрола над резултатот. Сепак избраниците на Јошко Миленкоски си дозволуваа опуштање во завршниците на сетовите, а со тоа и резултатот не ја отсликува реалната состојба на теренот.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 24 поени, следен од Лука Костиќ со 10. Средните блокери Маџунков и Савовски постигнаа по осум, односно седум поени.
Македонија утре, во вториот меч, ќе се соочи со домаќинот Грција.