Машката репрезентација на Македонија во вториот натпревар од Европското првенство 2026 загуби од уште еден фаворит во групата Б, Украина, 3:0 (25:22, 25:22, 25:10), но не и дозволи лесно да дојде до бодовите.
Имавме сериозни проблеми со приемот на разорниот сервис на противникот (15 ас сервиси) но и покрај тоа се боревме особено во првите два сета кога ни фалеше малку среќа и за да изненадиме.
Во третиот комплетно паднавме пред силниот сервис на Плотницки, за кој немавме решение (14:4). Селекторот Миленкоски одлучи да им даде шанса на играчите со помала минутажа кои го финишираа дуелот.
Капитенот Никола Ѓоргиев со девет поени и Александар Љафтов со осум поени беа најефикасни.
Македонија утре е слободна, додека в недела (18 часот) се соочува со бранителот на титулата, Полска.