Негативната серија на женската А репрезентација на Македонија во Европската лига 2026 продолжи и на вториот турнир во шпанскиот град Аликанте каде запиша два максимални порази, од домаќинот Шпанија и од Азербејџан.
Македонија третиот пораз во низа го претрпе од Шпанија со 0:3 (11:25, 6:25, 15:25) на отворањето на вториот турнир. Македонските одбојкарки немаа решение за играта на мрежата на противникот, кој делуваше доминантно, особено во вториот сет кога застанавме на скромни шест поени. Во последниот сет понудивме попристоен отпор до средината на сетот, 13:15, а потоа повторно Шпанија стапи на сцена и рутински го заокружи натпреварот.
Андротеа Милевски и Теа Терзиевска постигнаа по четири поени на овој меч.

Ден подоцна се соочивме со Азербејџан од кој загубивме со 0:3 (13:25, 15:25, 18:25). За разлика од дуелот со Шпанија, нашите одбојкарки на оваа средба понудија посилен отпор, особено до средината на вториот и третиот сет и се надигруваа со противникот, а имаа и активен резултат. За жал не успеваа репрезентативките да го задржат високото ниво на игра и во продолжението убедливо ги губеа сетовите.
Ива Стојковска и Андротеа Милевска реализираа по седум поени, додека Марија Василевска постигна шест во овој дуел.
Во последниот викенд од годинешното издание во Европската лига (19 – 21 јуни) Македонија ќе биде организатор на еден од турнирите кога во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје ќе ги пречека Хрватска и Словенија.