Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Ѓоргиев: „Против Холандија мора да бидеме трпеливи“

  • June 5, 2026

Денеска, 19 часот, во салата „Парк“ во Струмица машката сениорска репрезентација на Македонија против Холандија го започнува својот јубилеен десетти настап во Европската лига 2026. За разлика од претходните издание кога Лигата беше поделена на Златна и Сребрена, од оваа година таа е обединета и има ново значење, односно ја превзема улогата и на квалификациски циклус за Европското првенство 2028, со што добива на квалитет и на сериозност.

Македонските одбојкари секогаш имале сериозен пристап кон ова натпреварување, па така е и овојпат, особено поради фактот дека секој сет, бод и победа ќе значат чекор поблизу до нов континентален собир за машкиот национален тим.

Трите викенди во Европската лига годинава носат шест противници за Македонија, а ждрепката направи добра распределба на тежината на предизвиците – три селекции со кои ќе „тестираме“ колку можеме – Холандија, Грција и Израел и три репрезентации против кои важиме за фаворити – Луксембург, Исланд и Косово.

Македонија е домаќин на првиот турнир во салата „Парк“ во Струмица каде ги пречекува Холандија (денеска) и Луксембург (в недела, 19 часот).

„Започнува уште една Европска лига, најубавото и она за што работевме целиот овој период. морам да ги пофалам феноменалните подготовки, иако не бев во Крушево, реакциите од сите беа дека таму е поставена базата и дека се одработени седум феноменални денови. Кога се приклучија дел од интернационалците во Скопје одлично се вклопивме сите и имавме квалитетен тренажен процес. Секој од нас сериозно ја сфати својата задача и тоа е повеќе од јасно“, коментира капитенот Никола Ѓоргиев и продолжува: „Првиот противник Холандија ја анализираме веќе, врвен квалитет лани играа во Светската Лига на нации, но доаѓа со малку изменет состав и она што е специфично за нив е дека се многу висока репрезентација, која има добар блок и добар сервис. Се надевам дека ќе бидеме паметни и трпеливи, затоа што нивниот висок блок значи дека ќе треба да играме од блокот, да имаме добра заштита и нема секој напад да го завршуваме веднаш, туку да бидеме трпеливи. Така ќе успееме да им го пробиеме блок-системот и да реализираме полесно. Луксембург на ранг-листата е послаба селекција од нас и уште не сме ја реализирале бидејќи комплетниот фокус ни е кон Холандија. Имаме два дена за Луксембург, ќе имаме можност да го гледаме и нивниот дуел со Холанѓаните.“

Најважното е дека и атмосферата и мотивацијата се на високо ниво.

„Атмосферата во екипата е одлична, сите тренираме максимално и го даваме најдоброто од нас. Искрено многу ми е жал за пехот со Љафтов и што нема да може да сметаме на него, но ветувам дека ќе играме и за него и за сите нас. Ја повикувам публиката да дојде во салата ‘Парк’ во Струмица и да не поддржи на овие два натпревари, да биде наш седми играч, а ние ветуваме дека ќе дадеме и 200 посто од нашите можности и да се радуваме заедно“, заклучува Ѓоргиев.

Вратите во салата „Парк“ ќе бидат отворени во 18 часот, а билет чини 100 денари.

  • June 5, 2026

Миленкоски го одбра составот за Холандија

  • June 2, 2026

Гавриловиќ го одреди списокот за турнирите во Порто и Аликанте од Европската лига

  • June 1, 2026

Македонија ќе мора без Љафтов во Европската лига!

  • June 1, 2026

Гавриловиќ „Потребно е време, уште не ни е усовршен системот“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (214)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (69)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings