Фото: cev.eu
Македонскиот шампион Штип УГД загуби со 0:3 (13:25, 19:25, 17:25) на гостувањето кај холандскиот првак Орион Стартс во премиерата во ЦЕВ Лигата на шампионите, односно во првиот натпревар од првата рунда од квалификациите.

Македонскиот претставник понуди солиден отпор до средината на сите три сета, но во продолжението пресуди подобрата игра на мрежа на ривалот. Холанѓаните имаа десет директни поени од напад повеќе од Штип УГД (40 – 30) како и шест блока повеќе (7-1). Гостите имаа помалку грешки 16, наспроти 26 на домашниот состав, но не го искористија тоа.

Махди Задмард и Стојан Илиев со по девет поени беа најефикасни во редовите на нашиот првак, додека Александар Љафтов реализираше осум поени.
Реванш натпреварот се игра на 28. октомври во СЦ “Џексон” во Штип.