Во пресрет на новата сезона, со цел континуирано унапредување и проширување на судиските капацитети, отворање на можности за младите генерации и градење на стабилна основа за долгорочен и квалитетен развој на одбојкарската судиска заедница, Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија упатува отворен повик до сите заинтересирани лица кои имаат желба, волја и ентузијазам да започнат со судиска кариера во одбојката.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат на бројот 072/675-029 или, пак со пополнување на пријава на линкот https://forms.gle/cfytsbBhBAFiafnm9 со краен рок за пријавување до 20 септември 2025 година.
Судиската организација при ОФМ на 27 и 28 септември во хотел „Пела“ во Охрид ќе одржи редовен годишен семинар за одбојкарски судии и делегати за сезоната 2025/2026.