Очекуван пораз и од Естонија

Македонските одбојкарки го загубија и третиот натпревар во премиерната сезона од Европската сребрена лига. Естонија ја потврди фаворитската улога во арената „Борис Трајковски“ и го задржа максималниот биланс во групата со 25:10, 25:14 и 25:20. По првичната импресионираност од квалитетниот противник, нашите девојки одиграа пристоен трет сет, освоија вкупно 44 поени, што е на нивното сегашно рамниште споредбено со претходните два настапа. Стојанова и Хаџи Тосева освоија по 5 поени, Терзиевска 4, Стојановска, Баталаковска и Јонузи завршија со по 3, Лазарова забележа 2, а Павловска и Дикова по 1.

Пред девојките сега се три гостувања едноподгруго, Кај Естонија, кај Летонија, па во Австрија од 10-ти до 17-то овој месец, по што ќе заврши првото учество на македонската женска сениорска репрезетнација во Европската сребрена лига.

Нашата коректoрка Мила Дикова за европското искуство
Блокерката Симона Стојановска за натпреварот со Естонија
Примачката на Македонката Тамара Стојанова за настапот во Европската сребрена лига
2023 June 03 17:30
MKD
0

Vs

EST
3