Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Ни доаѓа познат ривал, македонските одбојкари се острат за Хрватите

  • June 2, 2023

Триумфот над Белгија со многу позитивни детали во нашата игра, како и досегашниот биланс во групата „Бе“ од Европската златна лига, го наметнува мислењето дека македонските одбојкари ја презедоа фаворитската улога во утрешниот натпревар против Хрватска. Во континенталната елита и против кој било противник со повисок рејтинг, тешко се докажува напишаното на хартија, така што од националниот состав повторно се бара вистински пристап, а тоа е максимална подготовка, дисциплина на теренот и борба.

Параметрите се на наша страна. Македонија одигра два рамноправни сета со Украина, а ја совлада Белгија, за разлика од Хрватска која на гости кај истите ривали двапати беше поразена со 3:0. Отсуството на примачите Шестан и Седлачек е голем хендикеп, а во споредба со тимот којшто играше полуфинале со нас во Европската сребрена лига пред две години не се ниту центарот Дукиќ и либерото Сарчевиќ. Тогаш, на завршниот турнир во Струмица ги совладавме Хрватите со 3:2 со многу пресврти и израмнивме на 2-2 во меѓусебниот биланс. Претходно, исто така во полуфинале на завршен турнир од Европската сребрена лига, „коцкестите“ беа подобри во „Кале“ со 3:2 , а во септевмри 2012-та, во квалификациите за ЕП секој победуваше пред своја публика.

Предноста кај нас е и во искуството затоа што во составот на селекторот Јошко Миленкоски се 13-мина играчи коишто настапија на последнире два дуела со Хрватите, а кај нив нема ниту еден од оние што освоија сребро во Европската лига во 2013-тата кога во финалето загубија од Белгија. Сепак, тоа сребро, како и она од 2006-та со пораз од Холандија во финалето, а со триумф над Турција во полуфиналето, покажува доволно какво е реномето на репрезентацијата предводена од Французинот Седрик Енар. Французинот го замени Емануеле Ѕанини на кормилото лани откако Италијанецот беше поразен од нас во Струмица, а потоа не успеа ниту да донесе бронза. Ѕанини загуби во Скопје во средата како кормилар на Белгија, a неговиот наследник на клупата на Хрватска, Енар, ќе биде под полесен оган затоа што без разлика на резултатите во групата, неговиот тим ќе игра на завршниот турнир како домаќин. Затоа овие натпревари за Енар се подготовка за најдобра форма во Задар на 24-ти и на 25-ти јуни, а од друга страна, пак, тоа е шанса за нас да притиснеме и на половина од оваа натпреварувачка фаза да се пробиеме на второто место.

Првиот сервис утре во „Борис Трајковски“ е од 20 часот и 15 минути, преносот е на МРТ-3, а вратите на арената се отворени, па очекуваме незаборавна саботна одбојкарска вечер, којашто ќе почне со пресметката на македонските одбојкарки со Естонија од 17 и 30.  

2023 June 03 17:30 Локално време
Boris Trajkovski SKOPJE
трето коло
MKD
3

Vs

CRO
2
  • May 15, 2026

Даниела и Сара Горбок: „Повикот беше изненадување, но го прифативме со драго срце“

  • May 14, 2026

Љафтов како вицешампион се одјави од Унгарија

  • May 14, 2026

„Младите добија шанса во Крушево, сега со уште посериозно темпо продолжуваме во Скопје“

  • May 14, 2026

Јонузи: „Нов стручен штаб, подмладување… Верувам дека новата енергија ќе донесе позитивни работи“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (124)
  • Репрезентација (203)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (8)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings