Младите надежи на Штип УГД и Струмица 47&72 го задржaa победничкиот ритам и во третиот натпреварувачки викенд во младинската машка конкуренција. Тие остануваат на врвот на табелата во своите групи.
Истовремено продолжува и битката за што подобар пласман на останатите учесници, па така ГОК Борец и покрај тоа што со 1:2 го загуби дуелот со Шкендија успеја да се искачи на второто место го групата А.
Бранителот на титулата Работнички 71&22 исто така имаше половичен учинок – една победа и еден пораз, но падна на третото место, пред Шкендија која е четврта. Екипата на Универзитет во Тетово, откако не отпатува на претходните два турнири е суспендирана и службено ќе ги загуби натпреварите до крајот на групната фаза.
Во групата Б, пак, одбојкарите на Македонија Џио имаа одличен викенд со две победи, кои им овозможија да направат чекор напред и да застанат зад лидерот и градски ривал, Струмица 47&72. Особено интересен меч младинците на Џио одиграа со Весна Пробиштип, кој го добија со 2:1
МЛАДИНЦИ, РЕЗУЛТАТИ, ТРЕТ ТУРНИР
ГРУПА А
Работнички 71&22 – Штип УГД 0:2 (23:25, 21:25)
Шкендија – Штип УГД 0:2 (21:25, 19:25)
ГОК Борец – Шкендија 1:2 (16:25, 25:19, 12:15)
Универзитет во Тетово – ГОК Борец 0:2сл.
Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово 2:0сл.
ТАБЕЛА
1. Штип УГД 6 6 0 12:1 17
2. ГОК Борец 6 3 3 8:6 11
3. Работнички 71&22 6 3 3 7:6 10
4. Шкендија 6 3 3 6:8 7
5. Универзитет во Тетово
ГРУПА Б
Македонија Џио – Весна Пробиштип 2:1 (25:20, 21:25, 15:9)
Струмица 47&72 – Весна Пробиштип 2:0 (25:19, 25:20)
Јанта Волеј – Струмица 47&72 0:2 (8:25, 18:25)
Македонија Џио – Јанта Волеј 2:0 (25:16, 25:12)
ТАБЕЛА
1. Струмица 47&72 6 6 0 12:0 18
2. Македонија Џио 6 4 2 8:6 10
3. Весна Пробиштип 6 2 4 6:9 7
4. Јанта Волеј 6 0 6 1:12 1