Нова „сезона“ на проектот „Играј одбојка-расти со неа“

Одбојкарската федерација на Македонија, 25 клубови во машка и женска конкуренција, кои функционираат под нејзината капа, како и четири одбојкарски школи ја отворија новата „сезона“ на училишниот проект на Европската одбојкарска конфедерација, „Играј одбојка – расти со неа“.

Во септември и октомври во три града во Македонија – Скопје, Битола и Струмица се одржаа шест настани кои се дел од овој проект.

Фит Фан Волеј и Шкупи, Пелистер Волеј, како и Струмица жени и Наковски Волеј, заедно со основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје беа организатори на заедничките тренинг-сесии.

Околу 230 девојчиња на возраст од пет до десет години се запознаваа со основите на одбојкарската игра.

Проектот ќе има месечни активности се до јуни 2027 година, односно до кога ќе трае и актуелната училишна година.