Возбудлива саботна програма во третото коло од Првата лига жени е во најава! Ако се водиме од прикажаното на противниците во изминатите две кола, но и традицијата која ја имаат ривалите во меѓусебните дуели низ сезоните нѐ очекуваат изедначени натпревари, дерби дуели и голема борба каде секој бод е важен за пласманот на табелата.
Натпреварувањето ќе стартува во Скопје со дуелот меѓу Фит Фан Волеј и Фламинго Волеј, кои во меѓусебен дуел ќе ја бараат првата победа сезонава во Првата женска лига, а бодовите од овој дуел и за едните и за другите ќе значат бегство од дното на табелата.
Младост УГД го пречекува шампионот Работнички Скопје. Штипскиот состав во првите две кола одигра два натпревари со „тај-брејк“ но се успеја да се радува, па сега пред домашната публика ќе се обиде да го промени тоа. Бранителот на титулата има набиена агенда со настапот во европскиот Челинџ куп и ќе мора експресно да се рехабилитира од патувањето во Атина доколку сака да влезе во позитивна серија на домашната сцена.
Скопско дерби меѓу куп-освојувачот ЖОК Вардар ЕМ и Газели Волеј. Двата тима имаат „два од два“ во новото првенство, а досега понудија одлични натпревари. Поради тоа очекувањата се овој дуел да донесе неизвесност и интересен меч, со голема борба за да се задржи статусот на непобедлив состав.
Второто дерби се игра во Струмица, каде Наковски Волеј го пречекува Јанта Волеј КВ. Старите ривали влегуваат во нов дуел каде одбојкарките на Наковски имаат максимален учинок во претходните два натпревари, за разлика од Јанта Волеј КВ, кој играше по пет сета со претходните противници и има една победа и еден пораз. Скопскиот тим исто така ги „дели“ силите на два фронта, со оглед на тоа дека играше и натпревар од европскиот Челинџ куп, но нема дилеми дека инспирацијата и мотивот во оваа битка ќе бидат големи.
Истовремено во Струмица, но на друга локација Струмица жени ќе игра со Пелистер Волеј. Конкурентите имаат по една победа од претходните два викенди, а цел и за едните и за другите е да влезат влезат во победнички ритам со кој ќе фатат приклучок кон врвот на табелата.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ
РАСПОРЕД 3. КОЛО (31.10.2026)
Младост УГД – Работнички Скопје 14:00ч.
ЖОК Вардар ЕМ – Газели Волеј 16:00ч.
Наковски Волеј – Јанта Волеј КВ 18:00ч.
Фит Фан Волеј – Фламинго Волеј 13:00ч.
Струмица жени – Пелистер Волеј 18:00ч.