Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
      • Enel EuroVolley 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
    • Супер куп 2026 – „Чајка“
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Дамите најавуваат: Голема борба за премиерен „Чајка“ Супер куп трофеј во витрините!

  • October 7, 2026

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ 2026 Вардар ЕМ се екипите кои ќе се соочат во женскиот натпревар од 50. јубилејно издание на меморијалот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој преминува во Супер куп на Македонија.

Женскиот дуел е втор на програмата денеска во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово, од 19:30 часот, а од таборот на двата тима најавуваат голема борба за првиот „Чајка“ Супер куп пехар во витрините.

„Посебна чест е да се биде дел од првиот Супер куп што се организира во Македонија. Ја поздравувам одлуката на Одбојкарската федерација на Македонија реномираниот меѓународен турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој годинава се одржува по јубилеен 50. пат, да прерасне во Супер куп. Сметам дека на овој начин се продолжува една значајна одбојкарска традиција, а истовремено се дава нова вредност на домашната одбојка“, потенцира стратегот на Работнички Скопје, Душко Деспотовски и додава: „Во новата сезона влегуваме со сериозни промени во составот. Четири одбојкарки од минатогодишната шампионска екипа повеќе не се со нас, а нивното место го пополнивме со две искусни домашни засилувања и со млади и перспективни одбојкарки. Овој спој на искуство и младост треба да биде нашата сила, а низ тренинзите и досегашните одиграни пријателски натпревари работиме на воигрување на екипата и градење на заеднички препознатлив стил на игра. Нашата амбиција е јасна – сакаме првиот трофеј во Супер купот да заврши витрините на Работнички. Во овој натпревар влегуваме со максимален респект кон противникот и очекуваме голема борба за секој поен. За успех ќе ни бидат потребни дисциплинирана и стрплива игра, стабилност и смиреност во клучните моменти. Од девојките очекувам максимално залагање и  меѓусебна поддршка.  Верувам во нашата екипа и во тоа дека можеме да одговориме на предизвикот. Ги повикувам љубителите на одбојката да дојдат и да бидат дел од овој значаен настан – нивната поддршка ќе ни значи многу.“

По минатогодишната победа на Вардар ЕМ над Работнички Скопје во четвртфиналето во Купот на ОФМ, со која практично и си го отворија патот кон пехарот, вардарки сега ќе дадат сѐ од себе за да се повтори историјата и да ја отворат новата сезона со пехар.

„За прв пат во историјата на македонската одбојка ќе се игра Супер куп и тоа на еден од нашите најреномирани одбојкарски турнири, ‘Бранко Хаџииљоски – Чајка’ во Тетово, што е голема чест и привилегија за секоја екипа. Наш противник е актуелниот шампион, Работнички Скопје, добро познат противник за нас. Лани се соочивме во четвртфиналето од Купот на ОФМ и успеавме да го победиме, а потоа и да го освоиме Купот на Македонија. Во новата сезона двете екипи влегуваат со изменет состав, а самиот натпревар ќе претставува добра најава пред почетокот на првенството. Ќе се обидеме да го понудиме најдоброто од нас во моментов и да видиме во која насока се движиме во пресрет на сезоната. Секако убаво ќе биде да тргнеме со пехар, но прво на теренот мора да покажеме дека го заслужуваме. Ги повикувам сите љубители на одбојката да дојдат во Тетово и да уживаат во одбојкарската програма, како во женскиот, така и во машкиот натпревар од Супер купот“, вели Јован Шапе, тренерот на ЖОК Вардар ЕМ.

Влезот во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово е отворен за сите љубители на спортот и одбојката.

  • October 7, 2026

„Чајка“ Супер куп: „Чест и мотив е да се игра на ваков јубилеј!“

  • October 6, 2026

50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојката

  • October 5, 2026

Митев: БВА купот е одлична увертира за новата сезона!

  • October 5, 2026

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

  • Uncategorized (4)
  • Домашнo првенство (129)
  • Репрезентација (284)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (26)
  • Инфо (81)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (35)
  • БВА (10)
  • Интернационалци (11)
  • ИНТЕРВЈУ (1)
  • Супер куп (2)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings