Фото: cev.eu
Репрезентацијата на Полска е европски првак!
Полјаците ја одбранија титулата откако во финалето на ЕвроВолеј 2026 во Милано со 3:1 (31:29, 25:19, 20:25, 25:16) го победија олимпискиот шампион Франција. Полска стана втората репрезентација, по Италија, на која и успеала да ја одбрани титулата на континенталните собири.
Покрај тоа што останаа на врвот на европскиот трон, Полјаците обезбедија и билет за ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година.
Бранителот на титулата иако го загуби третиот сет, беше доминантен во најголемиот дел од финалето и предводен од МВП играчот на првенството, Вилфредо Леон стигна до победата.
Селекторот на Полска Никола Грбиќ стана третиот тренер по Италијанците Фердинандо Де Џорџи и Андреа Анастаси кој освои златен медал на ЕП и како играч и како тренер.
Во дуелот за третото место националниот тим на Финска дојде до историски резултат и со победата од 3:0 во сетови над Словенија го освои првиот медал во учествата во континенталното натпреварување.