Фото: cev.eu
Групната фаза на Европското првенство 2026 финишираше синоќа со дуелите во групите А и Ц и познати се сите патници во осминафиналето.
Од групата А, која се играше во Наполи во елиминациите продолжуваат еден од организаторите Италија, Словенија, Грција и Чешка, додека Шведска и Словачка го завршија настапот.
Во групата Б во која се натпреваруваше Македонија, во следната рунда одат Полска, Украина, Бугарија и Португалија. Македонските одбојкари финишираа на петтото место во групата со една победа, над Израел, која исто така го заврши учеството.
Белгија, Финска, Србија и Данска се екипите од групата Ц во Тампере, кои изборија осминафинале, додека Естонија и Холандија се елиминирани.
Од групата Д во Клуж Франција, Германија, Романија и Летонија ќе играат во следната фаза, додека Турција и Швајцарија си одат дома.
Осминафиналните натпревари ќе се играат на две локации – арената „8888“ во Софија и салата „Палавела“ во Торино.
Според распоредот елиминациите стартуваат на 19 септември во Софија со дуелите меѓу бранителот на титулата Полска и Летонија, додека вториот меч го играат Германија и домаќинот Бугарија.
Ден подоцна во бугарската престолнина ќе се соочат олимпискиот првак Франција и Португалија, додека Украина игра со Романија. На 20 септември ќе се играат и два осминафинални натпревари во Торино кога Италија ќе ја пречека Данска, додека Финска игра со Грција.
Осминафиналето ќе финишира на 21 септември со средбите меѓу Белгија и Чешка, односно Словенија и Србија во Торино. Победниците од овие дуели продолжуваат во четвртфиналето, кое исто така се игра во Софија и во Торино.