Во интензивен натпревар во пет сета меѓу две селекции изедначени по квалитет, женската репрезентација на Македонија до 20 години загуби со 2:3 (26:24, 25:22, 21:25, 18:25, 11:15) од домаќинот Босна и Херцеговина, во последното коло од групната фаза од БВА Зонските квалификации за ЕП 2027.
Во дуелот во кој одлучуваа нијанси македонските репрезентативки имаа водство од 2:0 во сетови и предност од 15:7 во третиот сет, но дозволија противникот комплетно да се врати во игра, а потоа и да ја запише првата победа во квалификациите.

Откако го загубија третиот сет комплетно падна играта во нашиот тим, имавме голем број на технички грешки и тоа резултираше и со трет пораз во групната фаза во исто толку одиграни натпревари.
Македонија утре ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место, а за противник ќе ја има Србија, со која игра на пладне.