Актуелниот европски првак, Турција, кој истовремено е и еден од домаќините на ЕвроВолеј 2026 во женска конкуренција со максимална победа од 3:0 (25:17, 25:16, 25:16) против Летонија ја стартуваше групната фаза пред својата публика во полната сала „Синан Ердем“ во Истанбул.
Турчинките важеа за апсолутен фаворит и го потврдија тоа во дуелот против Летонија, која по пауза од 29 години игра на еден континентален собир.
Европското првенство во женска сениорска конкуренција се игра од 21 август до 6 септември во Турција, Чешка, Азербејџан и Шведска.
ЕВРОВОЛЕЈ 2026 ЖЕНИ
ГРУПНА ФАЗА, РЕЗУЛТАТИ, 1. КОЛО
Франција – Словачка 3:0 (25:13, 25:21, 25:13)
Австрија – Србија 0:3 (17:25, 9:25, 21:25)
Хрватска – Италија 0:3 (9:25, 22:25, 23:25)
Азербејџан – Португалија 3:1 (25:22, 23:25, 27:25, 25:20)
Бугарија – Украина 3:0 (25:23, 25:23, 25:20)
Турција – Летонија 3:0 (25:17, 25:16, 25:16)
Шведска – Црна Гора 3:0 (25:13, 25:18, 25:23)
Чешка – Грција 3:1 (25:14, 23:25, 25:15, 25:20)