Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Ѓоргиев „Дуелот со Грција е ‘да се биде или не’“

  • August 13, 2025

Најважниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026 машката сениорска репрезентација на Македонија го игра денеска, 19 часот во Атина против Грција, во дуел кој може да го најави учеството на тимот на четвртиот континентален собир во низа.

Движечката сила на националниот тим, капитенот Никола Ѓоргиев смета дека репрезентацијата е подготвена, дека противникот е добро анализиран и дека сè е во наши раце, и потребно е најдоброто да се прикаже на теренот. Подолнителна поддршка даваат и резултатите во другите групи кои ни одат во прилог во „трката“ да се биде меѓу петте најдобри второпласирани екипи кои обезбедуваат билет за ЕуроВолеј2025.

„Резултатите од другите групи, засега одат во наша полза, но јас би сакал ние да го направиме своето  и воопшто да не зависиме од тие резултати. Дуелот со Грција ќе биде ‘да се биде или не’ влегувам со таков менталитет, но и на овој меч имаме право на грешка. Мора да влеземе максимално силни и мотивирани, со голема самодоверба во нас. Теренот ќе биде жежок, но тогаш ние играме најдобро и се надевам дека ќе успееме да го земеме она што е наше, она што ни треба и подоцна да направиме еден спектакл со Грузија во Скопје и со победа да го чекираме Европското првенство“, вели Ѓоргиев.

Македонија во последниве три години има одиграно три натпревари со Грција и има три порази. Тоа не ги обесхрабрува одбојкарите, кои најавуваат дека одлично го познаваат противникот и ќе се обидат тактички да го надмудрат.

„Го анализиравме противникот, играме три натпревари во низа со нив и интересно е дека коректорот на ПАОК, Мукљас е преку 70 посто реализација на тие дуели и не успеваме да го сопреме и игра натпревари на сезоната против нас. Се појави и еден млад примач Хандринос, Раптис, кој е ѕвезда успеваме да го затвориме, но едно младо момче кое е негова замена сега ни прави проблеми. Имаме решение и за средните блокери, како и за Протопсалтис уште една ѕвезда од Панатинаикос, кој на последниот дуел со нас имаше 5/25 поени. Коректорот ни ги создава најголемите проблеми, го следиме со селекторот и во текот на сезоната игра ‘топло-ладно’, но против Македонија игра секогаш ‘топло’. Прва задача е да го сопреме него, а потоа и четворката – примачот и доколку за нив најдеме одговор ќе биде многу полесно. Феноменално ги одработивме подготовките, има голем напредок во тимот, дишеме како едно и сите влечат и заедно одиме напред и затоа сум ентузијаст и верувам. Работевме многу на недостатоците кои ги воочивме на ‘Чајка’ турнирот, одлично трениравме овие денови и мислам дека тие недостатоци ќе бидат корегирани во Атина. Јасно е дека Грција е фаворит, играат добро, имаат поголем ростер, иако не знаеме точно кои играчи ќе играат кои не, со оглед на тоа дека излегоа против Грузија со поинаква постава, но верувам дека ќе бидеме подготвени на сè и со позитивен исход ќе се вратиме во Скопје“, заклучува капитенот.

Натпреварот меѓу Грција и Македонија се игра вечерва, 19 часот по македонско време во салата „Мелина Меркури Рентис“ во Атина. Дуелот ќе има директен ТВ пренос на Арена Спорт 3.

  • January 12, 2026

Јовановски, Ајети и Деспотовски гости на 80- годишнината на Албанската федерација

  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings