Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Ѓоргиев: Останавме недоречени на претходните дуели со Грција, треба да го земеме она што ни припаѓа во Атина

  • July 18, 2025

Неполни три седмици имаа за одмор најдобрите македонски одбојкари пред одново вчера попладнето во Маврово да му се стават на располагање на селекторот Јошко Миленкоски на стартот на подготовките за евро-квалификациските дуели со Грција (13 август) и Грузија (17 август).

Веднаш тргнаа репрезентативците фокусирано и мотивирано, но набиен распоред од по два тренинга дневно во траење по два часа. Предводникот на тимот, капитенот Никола Ѓоргиев ги потврдува зборовите на селекторот дека екипата има јасна цел – пласман на ЕП и дека потоа ќе се мисли на одмор.

„Зборувам за себе – успеав да се одморам, но не застанав со работа. Подготовките се куси и моравме 70/80 посто подготвени да се појавиме во Маврово. Истовремено првиот официјален меч за нас е ‘да се биде или не’, што значи дека немаме право на тест, на поправен, и мора на 13 август да бидеме во 100 посто форма ментална, играчка, физичка. Работев цело лето и во мислите ми е само пласман на ЕП, одморот ќе дојде после“, дециден е Никола Ѓоргиев.

Грција не е непознат противник. Минатиот месец се соочивме со нив во Европската Златна лига (загубивме 3:0), додека во првиот дуел од квалификацискиот циклус во Скопје исто така запишавме пораз од 3:1. Капитенот смета дека одличниот настап за Македонија во Златната лига, добро дефинираниот план за подготовки, како и атмосферата која ја има во екипата се одличен предзнак дека она што не е постигнато претходно во меѓусебните дуели со Грците ќе дојде до израз на дуелот во Атина.

„Имаме убав распоред за подготовките. Десет дена во Маврово и веднаш четири силни пријателски натпревари, два во Софија и два на турнирот „Чајка“ кои ќе бидат одлична можност за темпирање на формата за Грција. Во тој дуел се ќе зависи од нашата здравствена состојба, нашиот ментален склоп и желбата, а таа мислам дека ќе биде на највисоко можно ниво. Грција е истата екипа од Европската лига, нивниот список е објавен веќе и составот ни е познат. Се соочивме со нив минатиот месец, но резултатот од тој дуел не реален, бидејќи на тој натпревар покажавме само 50 посто од нашата игра. Екипата беше преморена од натпреварот со Летонија, ден порано, во кој победивме со 3:2 и во кој ги исцрпивме нашите сили. Некако мислам дека и во двата претходни натпревари со Грција останавме како недоречени, го имам тоа чувство и затоа се надевам дека во престојниот меч ќе го дадеме најдоброто од нас, ќе ја играме нашата игра и ќе го земеме она што ни припаѓа во Атина. Колку ќе биде тоа еден сет, два сета, победа… ќе видиме. Репрезентацијата на Грција играше на Ф4 во Европската лига, но таму ги загубија и двата натпревари и не знам колку тоа им влијаеше на комплетната атмосфера, но секако дека приоритет за нас е нашата игра. Најважно е да сме здрави и живи сите, да сме комплетни. Имавме одлична атмосфера и резултати и ја остваривме нашата цел во Европската Златна лига. Првиот дел од летните обврски ги завршивме одлично, се надевам дека така ќе биде и во вториот дел кој ќе го крунисаме со четврто Европско првенство во низа“, заклучува Ѓоргиев.

Одбојкарите до 28 август ќе тренираат во Маврово, од каде патуваат за Софија на пријателски двомеч со Бугарија, на 29 и 30 август.

  • November 14, 2025

По четири дуели заврши елитното натпреварување за Јанта Волеј, следно е ЦЕВ купот

  • November 13, 2025

Голема борба и освоен сет на европското деби на Штип УГД во Челинџ купот

  • November 13, 2025

Струмица 47&72 без шанси за изненадување во Чешка во ЦЕВ купот

  • November 11, 2025

УГД Штип пред европското деби: Оптимисти сме!

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (99)
  • Репрезентација (181)
  • Повик/Известување (6)
  • Федерација (21)
  • Инфо (56)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (23)
  • Европски купови (20)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings