Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ ја започнуваат „трката“ за шампионската титула

  • April 26, 2025

Финалето на плејофот во женска конкуренција започнува вечерва, 18 часот, во салата „Невена Георгиева Дуња“, кога Јанта Волеј Кисела Вода и Работнички Скопје ја започнуваат „трката“ за шампионската титула.

Одбојкарките на Работнички Скопје се бранителки на титулата, додека Јанта Волеј КВ завршија како првопласирани на табелата по комплетирањето на втората фаза од првенството и од домашен терен го стартуваат финалето.

Екипата на Јанта има три шампионски пехари во својата историја, а откако остана без куп-титулата сезонава по поразот од 3:2 од Наковски Волеј во финалето на Купот на ОФМ 2025 во Радовиш, сите сили се насочени кон трофејот во првенството. Клубот годинава прославува и две децении од своето постоење, а тоа е дополнителен мотив и за одбојкарките и за стручниот штаб јубилејниот роденден да го крунисаат.

„Пласман во финале е чекор до титула! Куп-пехарот го загубивме бидејќи последниот чекор не го направивме како што треба. Тоа беше еден натпревар каде нема поправен, но за шампионската титула треба да се добијат три натпревари. Сметам дека не очекуваат неизвесни и крајно напорни натпревари. Екипите се познаваат одлично и мислам дека ќе победи екипата која ментално ќе биде подобро подготвена, но и онаа која ќе има повеќе спортска среќа. Ние сме доволно искусни и подготвени да одговориме на предизвикот! Се надевам дека ќе ја крунисаме оваа прекрасна сезона со шампионска титула“, позитивно размислува предводникот на Јанта Волеј КВ, Никола Јаневиќ.

Работнички Скопје е најтрофејниот тим во женска конкуренција, со вкупно 18 титули во историјата, додека во последните години трипати во низа го крена пехарот и сега атакува на четвртата круна во серија. Екипата претрпе сериозни промени од ланската сезона по заминувањето на репрезентативките Стојанова и Јонузи, како и странските одбојкарки, а поради повреда останаа и без либерото Димитриоска, како и Николова. Сето тоа носи доза на внимателност во редовите на стручниот штаб, но и верба дека екипата е желна за докажување и за задржување на титулата во свој посед.

„Очекувам крајно неизвесна и тешка финална серија во која фаворитската улога според пласманот на табелата и според досегашните меѓусебни дуели и ја препуштаме на Јанта Волеј. Сезонава имавме многу резултатски осцилации, а причина за тоа беа и големите промени во играчкиот кадар на екипата. Имаме комплетно нов ростер, во споредба со минатата година и одбојкарки кои немаат играчко искуство во вакви финални натпревари. Но поседуваме огромен квалитет и потенцијал, кој очекувам да излезе на виделина токму во финалето. Верувам во моите девојки и нивниот капацитет да го пренесат на теренот она што тактички го подготвувавме периодов. Максимално подготвени влегуваме во финалната серија, ќе се бориме за секоја топка и ќе дадеме се од себе да ја одбраниме шампионската титула“, дециден е Душко Деспотовски, стратегот на Работнички Скопје.

Во досегашниот тек од првенството Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ се имаат соочено четири пати, а играа и во полуфиналето од куп-натпреварувањето. Двата тима имаат по една победа од 3:1 пред својата публика, но и триумф од 3:2 на гостински терен. Единствен меч во кој Јанта Волеј КВ со 3:0 го победи Работнички Скопје сезонава беше полуфиналето од Купот на ОФМ на почетокот на април.

Финалето на плеј-офот кај дамите се игра во три добиени натпревари (дома-гости), а сите натпревари ќе имаат директен телевизиски пренос на националниот сервис.

  • May 11, 2025

Газели Волеј шампионки во кадетска конкуренција

  • May 7, 2025

Пауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

  • May 6, 2025

Миленкоски со проверени сили на скратениот список на репрезентацијата

  • May 5, 2025

Шампионската круна останува кај Струмица 47&72

  • Uncategorized (2)
  • Домашна лига (90)
  • Репрезентација (83)
  • Повик/Известување (5)
  • Федерација (18)
  • Инфо (33)
  • Пионер(к)и (3)
  • Куп на Македонија (23)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings