Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Прва меч топка за Јанта Волеј КВ

  • April 26, 2025

Финалната серија во женска конкуренција стартуваше со напнат натпревар во пет сета, во кој екипата на Јанта Волеј Кисела Вода стигна до победа од 3:2 (20:25, 25:19, 11:25, 25:20, 15:12) против бранителот на титулата Работнички Скопје.

Одбојкарките на Никола Јаневиќ покажаа голема истрајност и ја добија првата меч топка во серијата, иако постојано беа во позиција да бркаат резултат и да се враќаат од негатива од 0:1 и 2:1 во сетови. Работнички Скопје, пак, делуваше мотивирано и ја имаше иницијативата во поголемиот дел од натпреварот, но потфрли во клучните моменти и тоа скапо ги чинеше.

Факт е дека со исклучок на првиот сет во кој противниците играа егал, во останатите периоди од средбата двете екипи одиграа со големи осцилации. Работнички Скопје откако поведе со 1:0 во сетови имаше водство од 7:12 во вториот сет, но дозволи Јанта Волеј КВ да направи серија од 14-1, со која дојде до водство од 21:13, а потоа и изедначи на 1:1.

Во продолжението домашниот тим имаше несфатлив пад во играта, со низа технички грешки, додека Работнички Скопје ја имаше расположената Баталаковска која отвори со серија од 0-7. Актуелниот шампион доминираше во овој сет и со 11:25 поведе со 1:2. Јанта Волеј КВ се крена кога беше најпотребно за да остане во игра, водеше со високи 24:15 во четвртиот сет и ја искористи дури петтата сет топка за да го најави тај-брејкот.

Во решавачкиот сет Работнички Скопје водеше со 3:6, имаше 5:8 на промена на страните, односно 9:11, но кога беше најпотребно да остане мирен и да ја заврши работата докрај, како да застана. Се обиде Душко Деспотовски со два едноподруго тајм-аути да ги смири своите девојки, но не успеја. Јанта Волеј КВ изедначи на 12:12 со ас сервис на Мароевиќ. Бошковска со блок донесе водство од 13:12, а двете грешки на шампионот само им беа во прилог на одбојкарките на Јанта за прва победа на патот кон шампионската титула.

Мери Бошковска со 15 поени беше лидер на Јанта Волеј КВ, додека Баталаковска во редовите на Работнички Скопје со 23 поени беше најефикасна на натпреварот.

Вториот меч од финалната серија се игра на терен на Работнички Скопје, односно во малата сала „Борис Трајковски“ в вторник од 17:30 часот.

  • April 4, 2026

Наковски Волеј и Младост УГД го „заверија“ полуфиналето, ги чекаат ривалите

  • April 4, 2026

Штип УГД и Борец ќе се борат за шампионската титула

  • April 4, 2026

Министерството за спорт ги награди победниците во Куп на ОФМ 2026

  • April 1, 2026

Џинес делегат во четвртфиналето од ЛШ

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (109)
  • Репрезентација (190)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (2)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings