Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Купот е инспирација, четири екипи кај дамите атакуваат на трофеј

  • April 3, 2025

Полуфиналните дуели од Купот на ОФМ 2025 во женска конкуренција, кои се играат на 4 април (петок) се очекува да донесат поголеми возбудувања во тридневната куп-програма во салата „25 мај“ во Радовиш.

Наковски Волеј и Фит Фан Волеј се првата полуфинална двојка, која игра од 17 часот. Струмичкиот тим важи за фаворит поради подобриот меѓусебен скор со Фит Фан Волеј во текот на сезоната, но купот е еден натпревар во кој сè е можно.

„Купот е еден натпревар, во кој нема апсолутен фаворит. Ние сме во подобра позиција гледано и по резултатите во меѓусебните натпревари сезонава, но и Фит Фан Волеј сигурно дека ќе си ги бара своите шанси. Полуфиналето е еден меч, во кој решава моменталната инспирација, како и играта која ќе ја прикажеме на теренот. Се надеваме на финале, но прво мислиме на полуфинале. Мора да одиме чекор по чекор и со максимален респект влегуваме во дуелот со Фит Фан Волеј, а потоа ќе чекаме и ќе мислиме на финале“, вели тренерот на Наковски Волеј, Александар Митев.

Фит Фан Волеј, како дебитант во Купот, ќе се обиде да изненади и да атакува на првата титула во клупската историја.

„Очекувањата се големи и нашата цел не е само да изненадиме во полуфиналето, туку и да го освоиме првиот трофеј во сениорска конкуренција. Се соочуваме со проблеми со повредени играчи, кои се под знак прашалник, но нема предавање. Сакаме да докажеме дека и со домашни играчи може да се носиме со екипите од врвот, кои имаат интернационалки во составот. Првпат сме во полуфиналето од Купот и тоа е голем мотив за нас. Верувам дека без разлика на резултатите ќе имаме празник на одбојката во Радовиш“, позитивно размислува Благоја Ставревски, предводникот на Фит Фан Волеј.

Второто полуфинале уште по ждрепката го доби епитетот „финале пред финалето“, а во него од 20 часот ќе се соочат Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ. Двата клуба кои се главни конкуренти за шампионската титула во првенството сега меѓусебно ќе се елиминираат на патот кон куп трофејот.

„Според досегашните меѓусебни дуели на екипите кои се дел од завршницата на Купот, можам да констатирам дека нè очекуваат крајно неизвесни и интересни натпревари. Сето ова надополнето со фактот дека системот во куп натпреварувањето е елиминациски, односно се игра само еден натпревар, дава дополнителна мотивација и стимул кај секоја од екипите. Која било екипа да биде победник во сабота нема да биде апсолутно никакво изненадување. Сите услови се исполнети, викендов да биде презник на одбојката во Радовиш и убеден сум дека на гледачите во спортската сала ’25 Мај’ како и на оние пред малите екрани ќе им овозможиме пред сè квалитетна одбојка и интересни натпревари. Останува само да уживаме во добра игра и добра атмосфера и на крајот нека победи екипата која е најподготвена во овој момент и која ќе прикаже најдобри перформанси и секако најдобра игра“, констатира Душко Деспотовски, тренерот на Работнички Скопје, и додава „Што се однесува до полуфиналниот дуел против екипата на Јанта Волеј, очекувам неизвесен меч и борба за секој поен од страна на двете екипи. Крајно неизвесни беа сите четири наатпревари кои ги одигравме оваа сезона, имаме по две победи секоја екипа, а три натпревари завршија во пет сета. Добро се познаваме меѓусебно и сметам дека нијанси ќе го одлучат патникот во саботното финале.“

Слично размислуваат и во таборот на Јанта Волеј.

„Двете екипи одлично се познаваат и во меѓусебните дуели веќе имаат докажано дека нема фаворит. Атмосферата во нашата екипа е позитивна и мотивацијата е на високо ниво. Очекуваме интересен, неизвесен и динамичен натпревар, со убава одбојка за гледање и за уживање како за нас, така и за гледачите и љубителите на одбојката. Нека победи подобриот и се надеваме дека спортската среќа ќе биде на наша страна“, заклучува Никола Јањевиќ, стратегот на Јанта Волеј КВ.

Патот до титулата кај дамите е отворен, откако бранителот на трофејот Струмица жени беше елиминиран во осминафиналето.

  • March 13, 2026

По 15 години финалниот турнир од Купот на ОФМ се враќа во Скопје

  • March 12, 2026

Бранителот на пехарот и тројца дебитанти во Купот на ОФМ 2026 жени

  • March 9, 2026

Жарко Ристоски и Ал Хилал ја одбранија шампионската титула во Саудиска Арабија

  • March 6, 2026

Штип УГД, Борец, Струмица 47&72 и Работнички 71&22 ќе играат на Ф4 од Купот на ОФМ 2026

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (104)
  • Репрезентација (190)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (67)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (31)
  • Европски купови (29)
  • БВА (6)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings