Документарниот филм „Живеејќи го сонот“ на Македонската радиотелевизија посветен на тешкиот пат на машката одбојкарска репрезентација на Македонија до европскиот одбојкарски крем, ја освои наградата „Mention D’Honneour“ на 42. Светско првенство за спортски документарни филмови во Милано, поддржано од Интернационалниот Олимписки комитет.
Претходно документарецот, чие сценарио е на Тони Стојановски, додека режијата е на Тони Ристовски беше прогласен за најдобар долгометражен филм на филмскиот фестивал „Budva sports and art film festival“ во Будва.