Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Подоброто реноме наметнува победнички императив против Азербејџан

  • May 22, 2024

По струмичкиот турнир, македонските одбојкари се подготвуваат за следните два натпревара во Европската златна лига. Репрезентацијата утре ќе патува за Беверен каде што в сабота ќе се сретне со Азербејџан, а в недела со домаќинот Белгија. Двата протвника досега забележаа по два пораза што е идентичен ефект како нашиот национален состав. Сепак, акцентот во овие денови од подготовките е ставен на Азербејџан со оглед дека има полош рејтинг од нас. Оттука, доколку го оправдаме реномето против Азербејџанците, речиси ќе биде сигурно дека ќе го повториме пласманот од ланското издание на Европската златна лига кога бевме 11-ти, а секако ќе ја задржиме можноста и за скалило погоре.

Во елитното натпреварување на ЦЕВ нема лесни победи без разлика кој е на другата страна на мрежата. Азербејџан не освои ниту сет на домашен терен против Романија и против Украина, а во сите освен во еден, резултатот беше убедлив. Но тоа не мора да значи ништо знаејќи каков е квалитетот на ривалите. Затоа селекторот Хари Наковски деновиве инсистираше на поправање на приемот, затоа што тој елемент ќе биде клуч за нашето издание на двата меча во Беверен. Доколку се подобриме, ќе ги зголемиме нашите шанси и во соочувањето со Белгијците кои загубија со 3:1 од Хрватска, а со 3:0 од Финска, но за разлика од Азербејџан, одигра многу потесни натпревари на турнирот во Тампере.

Во составот на Македонија нема промени, што значи дека Тоше Ефремов и Кристијан Илиев нема да патуваат за Беверен. Селекторот Наковски ќе се потпре на истиот кадровски потенцијал, а можно е да има промени за патувањето во Осиек иако тоа нема да влијае на нашите изданија на теренот. Најважно е македонските одбојкари да го задржат позитивниот дух по поразите од Естонија и од Чешка и во мечот со Азербејџан да влезат со потребна доза самодоверба. Концентрацијата во секој поен и дисциплината во играта се подразбираат иако ниту еден детаљ нема да биде доведен во прашање доколку го решиме приемот. Тогаш, реална е опцијата четвртипат по ред во последните десет години, против Азербејџан да славиме со максимални 3:0.

———————————————————————————————————

Состав за натпреварите со Азербејџан и со Белгија:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Ангел Бошков (Работнички 71&22)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД

————————————————————————————————————–

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица):Естонија – МАКЕДОНИЈА 3:1 (25:23, 14:25, 25:19, 25:22)

18.05.2024 (Струмица): Чешка – Естонија 3:0 (25:22, 25:20, 25:16)

19.05.2024 (Струмица): МАКЕДОНИЈА – Чешка 0:3 (16:25, 15:25, 16:25)

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

—————————————————————————————————————

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2024 Грузија – МАКЕДОНИЈА

25.08.2024 МАКЕДОНИЈА – Грција

  • November 14, 2025

По четири дуели заврши елитното натпреварување за Јанта Волеј, следно е ЦЕВ купот

  • November 13, 2025

Голема борба и освоен сет на европското деби на Штип УГД во Челинџ купот

  • November 13, 2025

Струмица 47&72 без шанси за изненадување во Чешка во ЦЕВ купот

  • November 11, 2025

УГД Штип пред европското деби: Оптимисти сме!

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (99)
  • Репрезентација (181)
  • Повик/Известување (6)
  • Федерација (21)
  • Инфо (56)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (23)
  • Европски купови (20)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings