Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Естонија е зад нас, следува Чешка во „Парк“ во Струмица од 20 часот и 15 минути

  • May 19, 2024

Помешаните чувства по поразот од Естонија во петокот се веќе зад македонските одбојкари. Се мисли само на следниот предизвик, а пропуштеното во првиот натпревар во Европската златна лига ќе биде показател за тоа што треба да се менува за подобар резултат против посилниот ривал.

„Имавме доста осцилации на приемот и грешевме на сервис против Естонија. Се надевам дека денеска ќе го поправиме тоа против Чешка и со тие два елемента ќе имаме добра игра и позитивен резултат“, оптимистички размислува македонскиот среден блокер Филип Савовски.

Ние освоивме сет против Естонија, а Чесите со чисти 3:0 се радуваа против истиот протвник, па ако се анализира од тој аспект, јасно е какви се почетните позиции пред денешниот прв сервис. Но не мора, а и никогаш не е така едноставно.   

„Ова е познат противник за нас. Тоа е репрезентација со стил на игра којшто не ни одговара, но ќе се обидеме да го дадеме нашиот максимум во овој момент и да извлечеме што подобар резултат. За разлика од минатата година кога игравме со нив, во составот има неколку промени, но тоа не значи дека можеме да се опуштиме, ниту пак да ги прецениме. Со желба и со мотивација, може да играме со нив“, убеден е македонскиот примач Владо Милев.

Кај Чешка се само четворица одбојкари од ланската пресметка со нас на Еврпското првенство во Скопје, предводени од примачот Вашина, а во првиот тим против Естонија беше само уште блокерот Зајичек. Но селекторот Јиржи Новак има силен тим, којшто го покажа квалитетот со два пресврта во првиот и во вториот сет против Естонците. Сепак, на Македонија и останува да игра за посакувано ниво за августовските квалификации за Европското првенство во 2026-та. Во таа насока има доста време, затоа што по овој турнир, црвено-жолтите ќе одиграат уште четири меча со исклучително квалитетни репрезентации во Европската златна лига.

————————————————————————————————————-

Состав за натпревариот со Чешка:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Ангел Бошков (Работнички 71&22)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД

————————————————————————————————————–

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица):Естонија – МАКЕДОНИЈА 3:1 (25:23, 14:25, 25:19, 25:22)

18.05.2024 (Струмица): Чешка – Естонија 3:0 (25:22, 25:20, 25:16)

19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

—————————————————————————————————————

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2024 Грузија – МАКЕДОНИЈА

25.08.2024 МАКЕДОНИЈА – Грција

2024 May 17 20:15 Локално време
Park STRUMICA , MKD
Прв Круг
EST
3

Vs

MKD
1
  • November 14, 2025

По четири дуели заврши елитното натпреварување за Јанта Волеј, следно е ЦЕВ купот

  • November 13, 2025

Голема борба и освоен сет на европското деби на Штип УГД во Челинџ купот

  • November 13, 2025

Струмица 47&72 без шанси за изненадување во Чешка во ЦЕВ купот

  • November 11, 2025

УГД Штип пред европското деби: Оптимисти сме!

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (99)
  • Репрезентација (181)
  • Повик/Известување (6)
  • Федерација (21)
  • Инфо (56)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (23)
  • Европски купови (20)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings