Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Нова цел – нов селектор, Хари Наковски ја презеде машката одбојкарска репрезентација

  • April 29, 2024

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Хари Наковски е нов селектор на македонските одбојкари. Во пресрет на Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство во 2026-та, ОФМ реши Наковски да ја преземе улогата на Јошко Миленкоски, кој лани ја предводеше Македонија до најголемиот репрезентативен успех, а тоа е осминафиналето на континенталниот собир, против Италија во Бари.  

„Сакам да упатам благодарност до ОФМ, голема чест е да се наследи и да се работи со Јошко како наше најголемо тренерско име. Се надевам дека со добро здравје и со добра работа ќе ја исполниме целта“, е првиот коментар на Наковски, кој минататa година му беше асистент на Миленкоски.

„Оваа сала, овој хотел, ова место, буди големи спомени, тука ги ковавме нашите резултати на последноо ЕП. Тоа беше најубавиот дел од мојата тренерска кариера и сега веќе можам слободно да размислувам за тренерска пензија. Мене ми е време полека да се повлекувам, а со големо задоволство ја предавам палката на Хари, тренер којшто ми помогна мене како селектор и на сите играчи да го дадеме најдоброто. Верувам дека Хари со своите помошници и со моја помош, сега од еден друг агол во насока на логистика, совет, поддршка итн. ќе биде успешен, а јас на тој начин ќе бидам дел од нашиот следен успех“, Миленкоски ја објаснува својата улога во репрезентацијата.

Македонските одбојкари ќе се соберат на 2-ри мај, ќе тренираат во Струмица до 8-ми кога ќе отпатуваат на пријателски натпревари со Романија. Потоа ќе се вратат во салата „Парк“ и ќе тренираат до почетокот на Европската златна лига на 17-ти, со првиот турнир на којшто ќе им бидеме домаќини на Чешка и на Естонија. Следните два се во Белгија и во Хрватска. Во август се два од четирите натпревари во квалификациите за ЕП 2026. Акцентот ќе биде ставен токму на нив, затоа што преку Грузија и Грција, Македонија бара шанса за четврти континентален собир по ред.

„За разлика од лани, во составот нема да биде Александар Љафтов, кој побара одмор и ќе се приклучи во јули кога ќе почнат подоготовките за квалификациите. Филип Деспотовски се пензионираше, а нови играчи се Михајло Мирасчиев од Штип УГД и Кристијан Илиев од Струмица 47&72. Во стручниот штаб ново име е асистентот Кристијан Ристески, а скаутот Павле Матиќ и кондицискиот тренер Горан Панковиќ работеа и лани“, дополнува селекторот Наковски надевајќи се дека Македонија ќе игра добро и дека ќе може да оствари две или три победи во Европската златна лига.

„Честитки за Хари што се нафати да ја преземе одговорноста и благодарност до него. Сакам да му се заблагодарам и на Јошко, што ја водеше нашата репрезентација на ЕП, а ние со гордост направивме резултат на терен и во организација на првенството. Се надевам дека по негови стапки ќе продолжи Хари, од нас има комплетна поддршка и верувам во успех“, изјави потпретседателот на ОФМ Ивица Хаџииљоски.

„Овој тим со мене и со Јошко тргна во формирање на репрезентацијата од 1992-ра со покојниот Димитар Циев како селектор, а со Миленкоски како асистент. Од то авреме член на Изврниот одбор постројано е Ивица Хаџииљоски, а сегашниот селектор Хари Наковски беше дел од репрезентацијата којашто играше на први квалификации. И тоа е одличен континуитет со којшто тешко може да се пофали некоја Федрација. Нема да биде лесно, но со сплотеност се надевам дека ќе успееме да се пласираме на следното европско“, вели генералниот секретар на ОФМ Зоран Карановиќ.

Целта е достижна иако задачата нема да биде лесна. По осминафиналето во Бари со актуелниот светски првак, апетитите остануваат големи. Како и вербата во македонската одбојка!

————————————————————————————————————-

Состав на македонската одбојкарска репрезентација):

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД

————————————————————————————————————–

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА

19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

  • April 17, 2026

Наковски Волеј, Јанта Волеј КВ, Младост УГД и Работнички Скопје – кој ќе игра во финалето?

  • April 17, 2026

Убедливо отворање на финалната серија за Штип УГД

  • April 16, 2026

Прва рунда: Штип УГД – ГОК Борец, започнува битката за шампионската титула

  • April 15, 2026

Сениорките ќе „тестираат“ со Косово пред учеството во ЕЛ 2026

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (114)
  • Репрезентација (192)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings