Клупската сезона е зад нас, а претстојат деновите за македонските одбојкарски репрезентации. Машката повторно ќе настапи во елитното европско натпреварување – Европската златна лига на ЦЕВ, којашто годинава првпат ќе се игра според системот на Лигата на нации на ФИВБ.
Македонија ќе ги одмери силите со Естонија, Чешка, Белгија, Азербејџан, Шпанија и со Хрватска, а првиот од трите турнири ќе биде одигран во Струмица од 17-ти до 19-ти мај.
По овој повод, Одбојкарската федерација на Македонија ќе одржи прес-конференција, утре (понеделник) од 13 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје на којашто ќе присуствуваат селекторот и членови на стручниот штаб на машкиот македонски сениорски одбојкарски тим.