Годинава не е двојна круна, но одбојкарките на Работнички Скопје и натаму се прва сила во македонската женска одбојка откако третпат по ред ја освоија шампионската титула. Во третиот натпревар од лигашкото финалеза сезоната 2023-24-та, екипата од главниот град триумфираше на гостувањето кај Струмица жени со 3:0 (25:23, 28:26, 25:19) и со истиот резултат ја затвори низата до три победи. Тамара Стојанова освои 14, а Јузгенч 10 поени кај првенките, додека, пак, кај поразениот состав најефикасни беа Душка Здјелар со 18 и Александра Шчекиќ со 14.
Без оглед што струмичанки влегоа во финалето со предност на домашен терен, со подобар меѓусебен ефект и со освоена титула во купот, Работнички Скопје ја креваше формата, оствари две победи на туѓ терен и четвртипат од 2019-та досега се качи на тронот на најсиланата одбојкарска лига на Македонија. Во тој период, Работнички Скопје не беше првак само во 2021-ва кога двојната круна и припадна на екипата на Јанта волеј.
Финале (жени) – до три добиени натпревари
Струмица жени – Работнички Скопје 0:3 (24:26, 23:25, 17:25)
Работнички Скопје – Струмица жени 3:0 (28:26, 25:20, 25:21)
Струмица жени – Работнички Скопје 0:3 (23:25, 26:28, 19:25)