Генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Филип Деспотовски, беше БВА супервизор на Балканскиот шампионат за девојчиња до 17 години кој изминативе денови (21-25 јули) успешно се одржа во Феризај, Косово.
На шампионатот на кој учествуваа шест репрезентации во оваа возрасна категорија, Турција го освои златниот медал, завршувајќи го турнирот без пораз.
Деспотовски покрај улогата на супервизор на Балканијадата, додели награда и на најдобриот техничар, Црногорката Надја Пековиќ.
