Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Миленкоски: „Имаме активен резултат, во трка сме за пласман на ЕП 2028“

  • June 23, 2026

Првиот дел од циклусот квалификации за Европското првенство 2028, односно учеството во годинешното издание од Европската лига, машката сениорска репрезентација го заврши според предвиденото – три победи, три загубени натпревари и девет бода со кои сме на средината на табелата. Попрецизно кажано имаме активен резултат со кој Македонија останува во игра за пласман на уште едно континентално натпреварување.

Уште при ждрепката за групната рунда во Европската лига јасно беше дека против Луксембург, Исланд и Косово атакуваме на победи, додека со Холандија, Грција и Израел, кои се фаворити ќе мора да се бориме и да се обидеме да изненадиме. Отпор понудивме, изненадувањето изостана.

Селекторот Јошко Миленкоски од последниот натпревар имаше два дена за одмор, во кои успеја да ги сублимира впечатоците и да направи првична анализа на сработеното во изминатите скоро два месеци.

„Годинешното издание на Европската лига беше со поинаков формат од претходните, односно претставуваше прва фаза од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Тоа придонесе и квалитетот на Лигата да биде на повисоко ниво од претходно, најмногу поради фактот дека сите репрезентации играа со своите најдобри состави. Македонија во минатото се натпреваруваше во Сребрената лига, која е неспоредлива со она што го имавме како квалитет годинава. Последните три години бевме дел и од Златната Европска лига, каде имавме забележителни настапи, но каде многу репрезентации, како и ние, го користевме учеството како подготовка за поважни напреварувања. Поради тоа не може да правиме споредба со резултатите постигнати во претходните изданија, а не смее да заборавиме и дека оваа година скоро сите европски селекции се натпреваруваа во Европската лига“, потенцира стратегот Миленкоски на стартот и продолжува: „Најважното од сѐ за Македонија е дека имаме активен резултат со кој остануваме во трката за пласман на следното Европско првенство! Целта е постигната, планираното е остварено – три победи и девет бодови. Сакам да истакнам дека поразите се од три репрезентации кои се најдобрите во Лигата. Холандија лига рундата ја заврши без загубен сет, а во полуфиналето ќе игра и Израел, додека Грција заврши како петта, на чекор зад нив. Тоа само уште еднаш го потврдува квалитетот на противниците со кои се соочуваме.“

Во овој циклус селекторот Миленкоски направи и (по)сериозно освежување во националниот тим давајќи шанса на помлади играчи, како во подготвителниот процес, така и во настапот во Европската лига.

„Свесни за сериозноста на натпреварувањето нашата репрезентација ги почна подготовките порано од предвиденото, на 6 мај со играчите кои порано ги завршија своите клупски обврски, а останатите се приклучија една недела подоцна. Одработени се 45 дена, 55 тренинзи, одиграни осум натпревари (два контролни и шест официјални). Обемните подготовки ни овозможија вклучување на поголем број млади, перспективни одбојкари. Дури десет дебитанти учествуваа во тренажниот процес на А селекцијата и на сите нив треба да се смета и во следните циклуси. Четворица од нив беа и во потесниот избор и дел од самите натпревари, а тоа особено треба да нѐ радува. Ако ги сметаме и оние кои се вклучени минатата година можеме да кажеме дека ростерот на репрезентацијата е видно изменет. Сепак, товарот повторно го понесоа најискусните и најдобрите кои помогнаа да се постигне овој задоволителен резултат, кој верувам дека ќе беше и подобар доколку настапевме комплетни на сите натпревари. Во нашиот спорт отсуството и на само еден одбојкар е голем хендикеп, а ние на сите натпревари игравме без еден од нашите најдобри играчи – Александар Љафтов. На последниот турнир и без Филип Маџунков. Во целиот овој циклус, секако дека не смеам да го изоставам мојот комплетен стручен штаб, кои стојат зад спроведувањето на успешни подготовки и добрите резултати – нашите најдобри тренери Ристески, Милев и Михајлов, потоа тренерот за физичка подготовка Баснарков, како и медицинскиот тим, докторот Манчев и физио Дино Попоски, како и статистичарот Бојан Печев.“

Репрезентативците се веќе на заслужен одмор, а одново на располагање треба да се стават на 5 август за кога во Крушево е предвиден почетокот на подготовките за учеството на Европското првенство во септември во Софија, кое за Македонија е четврто во низа.

„Одбојкарите добија заслужен одмор. Новата прозивка е предвидена на почетокот на август и се надевам дека периодов ќе биде сѐ во најдобар ред, дека сите ќе се рехабилитираат убаво и дека здрави и комплетни ќе тргнеме во подготовките за она што е најважно годинава – настапот во Европското првенство“, заклучува Миленкоски.

  • June 23, 2026

„Потребно е трпение, верба и време! Потенцијал има, а работата ќе донесе резултат“

  • June 22, 2026

Дамите се одјавија од Европската лига 2026

  • June 21, 2026

Со три победи и три порази Македонија го заврши учеството во Европската лига 2026

  • June 19, 2026

Милевска „Домашниот терен е дополнителна мотивација, ќе оставиме срце на терен“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (237)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (71)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (33)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings