Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Савовски: „Многу работи ќе зависат од нас во Атина“

  • June 11, 2026

Машката репрезентација вечерва патува за Атина, каде викендов ќе ги одигра натпреварите од вториот турнир од Европската лига 2026.

Селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, односно истите 14. одбојкари на кои сметаше за воведните два дуели од годинешното издание ќе ги има на располагање и за натпреварите со домаќинот Грција, односно Исланд.

Средниот блокер на националниот тим Филип Савовски сезоната ја мина во дресот на грчки Панатинаикос, со кој ја освои двојната круна, а сега со дел од своите соиграчи ќе ги измери силите на репрезентативно ниво.

„По солидното отворање на Европската лига против Холандија и Луксембург во Струмица сега фокусот е на вториот турнир во Атина. Имав одлична сезона во грчкото првенство со Панатинаикос, а сега се враќам таму со националниот тим. Грција како ривал добро ја познаваме, се соочивме со неа и во минатогодишното издание, како и во европските квалификации. Го имаат задржано истиот тим, кој е особено квалитетен, но верувам и во нашите можности. Како екипа можеме да играме со секој противник доколку сме на висината на задачата. Мислам дека многу работи ќе зависат од нас во Атина, од нашето издание и од тоа што ние ќе покажеме и на двата натпревари. Против Грција сигурно нема да бидеме фаворити, а тоа ни оди во полза. Што се однесува до Исланд, тие се екипа од послаб ранг, ги анализираме, а ќе имаме и можност да го гледаме нивниот натпревар со Грција, по што сигурен сум дека во договор со стручниот штаб ќе поставиме тактика со која ќе успееме да си ја реализираме посакуваната цел – победа. Се надевам дека вториот турнир ќе биде поуспешен за нас“, најавува Филип Савовски во пресрет на новите предизвици во Евролигата.

Македонската делегација утре, рано наутро треба да пристигне во Атина, додека утре попладне ќе го одработи првиот официјален тренинг.

Првиот натпревар македонските одбојкари го играат в сабота, 19 часот, против Исланд, додека в недела, во истиот термин ќе се соочат со организаторот Грција.

  • June 10, 2026

Стојкоска „Свесни сме дека можеме и мораме подобро!“

  • June 8, 2026

Миленкоски: „Понудивме отпор на Холандија, го победивме Луксембург – целта е исполнета“

  • June 8, 2026

Петровска премиерно „свиреше“ во Европската лига

  • June 8, 2026

Гавриловиќ „Поразите се само лекции, ќе продолжиме да се бориме“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (226)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (70)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings