Португалија пресилна за дамите

Втор пораз во вториот натпревар од Европската лига 2026 за женската репрезентација на Македонија, која попладнево со 3:0 (25:16, 25:16, 25:11) загуби од домаќинот на првиот турнир, Португалија, во Порто.

Противникот нападна со силен сервис и доминираше на мрежата со блокот, а селекторот Милош Гавриловиќ и неговиот тим не успеваа да најдат соодветно решение за овие два елементи и тоа ги спречи и соодветно да парираат.

Македонија имаше и добри моменти, но без доволно сила за да превземе целосна иницијатива.

Најефикасни во нашите редови на овој натпревар беше Љиља Ковачевиќ и Теа Терзиевска со по пет поени, додека Мила Дикова и Андротеа Милевска реализираа по четири поени.