ПРЕГЛЕД 5. КОЛО, ПРВА ЛИГА МАЖИ: ГОК Борец сигурен во Скопје

Натпреварот кој според ривалството на двата тима минатата година требаше да биде дерби во 5. коло во групата А од Првата лига мажи, мина во знакот на ГОК Борец, кој со максимален резултат славеше против Работнички 71&22 во Скопје.

Се обиде скопскиот состав да му парира на ривалот, но ГОК Борец потврди дека и сезонава заедно со Струмица 47&72 ќе бидат најсериозни конкуренти на бранителот на титулата.

Струмичани исто така имаа убедлив меч против Универзитет во Тетово, додека Штип УГД делуваше доминантно во првите два сета против Сушево, за потоа да го загуби третиот и со 3:1 да си замине од гостувањето во Василево.

Во групата Б, се одиграа само два натпревари. Шкендија ја продолжува победничката серија, додека Скопје се радуваше со 3:0 против градскиот ривал Јанта Волеј. Средбата меѓу Македонија Џио и Лирија беше одложена.  

ПРВА ЛИГА МАЖИ, РЕЗУЛТАТИ, 5. КОЛО:

ГРУПА А

Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3:0 (25:18, 25:18, 25:16)

Работнички 71&22 – ГОК Борец      0:3 (20:25, 22:25, 23:25)

Сушево – Штип УГД   1:3 (7:25, 19:25, 26:24, 18:25)

ГРУПА Б

Скопје – Јанта Волеј  3:0 (25:17, 25:12, 25:14)

Македонија Џио – Лирија    одложена

Весна Пробиштип – Шкендија         0:3 (15:25, 16:25, 18:25)