Одбојкарките на Пелистер Волеј запишаа важна победа во Скопје, на гостувањето кај Јанта Волеј КВ, во шестото коло од Првата лига жени. Од почетокот на првенството битолскиот тим се бара себе си и игра со многу подеми и падови, а во претходните три соочувања со фаворитите (Наковски Волеј, Струмица Жени и Работнички Скопје) не успеја да изненади.
Овој триумф е важен не само поради тоа што се радуваа против фаворит, туку и поради фактот дека успеаја да „врзат“ две победи во низа.
Наковски Волеј загуби сет, но успеја да остане непоразен на гостувањето кај Вардар ЕМ. Газели Волеј, пак, пред својата публика одиграа 3:1 против Струмица Жени и држат темпо со лидерот. Работнички Скопје се радуваше со максимален резултат над Фламинго Волеј, а ист учинок имаше и Младост УГД против Фит Фан Волеј во единствениот меч викендов кој се играше надвор од Скопје.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ, 6. КОЛО
Работнички Скопје – Фламинго Волеј 3:0 (25:11, 25:17, 25:22)
Јанта Волеј КВ – Пелистер Волеј 2:3 (21:25, 25:19, 25:17, 23:25, 7:15)
Газели Волеј – Струмица Жени 3:1 (25:16, 22:25, 25:13, 25:12)
Младост УГД – Фит Фан Волеј 3:0 (25:10, 25:17, 25:12)
ЖОК Вардар ЕМ – Наковски Волеј 1:3 (25:23, 14:25, 21:25, 16:25)