Шестиот натпреварувачки викенд во Втората женска лига не донесе некои посебни изненадувања, а резултатски средбите минаа во знакот на фаворитите.
Форца Волеј ЕМА го диктира темпото во второлигашкото друштво и откако се радуваше над градскиот ривал Шкупи го задржува максималниот учинок шест победи во исто толку натпревари и лидерската позиција на табелата.
Ново Село и ГОК Борец жени го следат лидерот, па и тие запишаа убедливи победи над своите противници Бами Кор, односно ЖОК Куманово. Кумановскиот состав е зад водечката „тројка“ и тимот сезонава одигра неколку добри натпревари, но не успеја да го изненади велешкиот ривал викендот.
Во дуел од долниот дел на табелата одбојкарките на Универзитет во Тетово со 3:0 го совладаа Јанта Волеј БУТ за втора победа сезонава.
Шестото коло беше некомплетно со оглед на тоа дека мечот меѓу Шкендија Волеј и Ускана беше одложен во договор меѓу клубовите и ќе добие друг термин за одигрување.
ВТОРА ЛИГА ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ, 6. КОЛО
ЖОК Куманово – ГОК Борец (Ж) 0:3 (13:25, 22:25, 21:25)
Ново Село – Бами Кор 3:0 (25:17, 25:9, 27:25)
Форца Волеј ЕМА – Шкупи 3:0 (25:6, 25:17, 25:18)
Универзитет во Тетово (Ж) – Јанта Волеј БУТ 3:0 (25:10, 25:17, 27:25)
Шкендија Волеј – Ускана одложена