Капитенот на машкиот национален тим на Македонија, Никола Ѓоргиев и оваа сезона ќе го носи дресот на чешкиот тим Карловарско со кој минатата сезона ја освоија шампионската титула.
Коректорот на 38, години ќе ја игра својата 22 интерационална сезона во кариерата. Ѓорѓиев од вчера е во Чешка, каде веднаш се приклучи на тренинзите со екипата, додека клубот денеска официјално го објави неговото враќање.

Искусниот репрезентативец во својата кариера досега настапуваше во Србија, Италија, Турција, Франција, Германија, Полска, Јапонија, Словенија и Романија, а сега втора сезона во низа ќе се натпреварува во најсилната чешка лига.