Петтото коло од Втората лига жени донесе два интересни дуели во кои Шкендија Волеј со пресврт дојде до „тај-брејк“ победа над ЖОК Куманово, додека Ускана по голема борба во пет сета се радуваше против Универзитет во Тетово.
Се чинеше дека ЖОК Куманово со полн плен ќе си оди од Тетово, со оглед на тоа дека имаше водство од 2:0 во сетови, но Шкендија Волеј успеја да се врати во продолжението, а потоа и на разлика (19:17) да стигне до втората второлигашка победа во дебитантската сезона.
Ускана и Универзитет во Тетово, одиграа натпревар во многу пресврти, како и подеми и падови на едната и на другата страна. Во клучниот сет, пресуди поголемата концентрација и помалиот број на грешки, што донесе радост за домашните одбојкарки.
Лидерот Форца Волеј Ема, како и Ново Село и ГОК Борец без посериозни проблеми запишаа убедливи победи над своите ривали викендов и остануваат на водечките позиции на табелата, во средината на првиот дел од сезоната.
ВТОРА ЛИГА ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ, 5. КОЛО
ШКЕНДИЈА ВОЛЕЈ – ЖОК КУМАНОВО 3:2 (18:25, 24:26, 25:23, 25:16, 19:17)
УСКАНА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО 3:2 (25:16, 24:26, 21:25, 25:22, 15:13)
ЈАНТА ВОЛЕЈ БУТ – ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА 0:3 (11:25, 12:25, 22:25)
ШКУПИ – НОВО СЕЛО 0:3 (4:25, 9:25, 22:25)
БАМИ КОР – ГОК БОРЕЦ 0:3 (19:25, 10:25, 21:25)