Некомплетното коло во Првата лига мажи, го обележа само еден натпревар во групата А во кој Универзитет во Тетово стигна до првата победа сезонава (3:0) во дуелот со Сушево.
Откако претходно успеја да освои само еден сет на три натпревари тимот на Универзитет во Тетово одигра добар натпревар пред својата публика со која ги запиша и првите бодови.
Лидерот Штип УГД и Работнички 71&22 се договорија натпреварот да го одиграат на 19 ноември во Штип, но сатницата се уште не е позната, додека ГОК Борец и Струмица 47&72 го одложија мечот поради настапот на струмичани во европските клупски купови.
Во групата Б, пак, Шкендија е единствената екипа со максимален учинок „четири од четири“ победи, без загубен сет и со 12 бода, откако со 3:0 славеше над Македонија Џио во саботата.
На останатите натпревари од последното коло, во дуел од дното на табелата Весна Пробиштип го победи Јанта Волеј мажи со 3:2 за прва радост сезонава. Лирија, пак, со 3:0 го победи Скопје.