Пријатно изненадување приредија одбојкарките на ЖОК Вардар ЕМ кои во петтото коло од Првата лига жени славеа во градското дерби со Работнички Скопје, нанесувајќи му го на шампионот третиот пораз сезонава.
Работнички Скопје со максимален резултат се радуваше во првиот меѓусебен дуел пред почетокот на сезоната, во Супер купот, но сега се соочија со поподготвен и помотивиран противник. „Вардарки“ со оваа победа изедначија на 1-1 во меѓусебните соочувања, а истовремено се искачија и на петтото место на табелата.
Од натпреварите кои се одиграа викендов Јанта Волеј КВ немаше проблеми на гостувањето кај Струмица жени, додека Пелистер Волеј пред својата публика имаше убедлива победа над Фламинго Волеј.
Наковски Волеј уште во средината на минатата недела го задржа статусот на „непобедлив“ во прволигашкото друштво по триумфот над Младост УГД, додека Газели Волеј беше сигурна против Фит Фан Волеј во уште едно скопско соочување ова коло.
По пет одиграни кола Наковски Волеј е лидер со 14 бода, следен од Газели Волеј со 12 бода, додека трет по ова коло е Јанта Волеј КВ со девет бода.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ, 5. КОЛО
ЖОК ВАРДАР ЕМ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 3:1 (25:19, 19:25, 25:14, 25:23)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3:1 (22:25, 25:22, 25:21, 25:19)
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ 0:3 (8:25, 19:25, 16:25)
СТРУМИЦА ЖЕНИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 0:3 (19:25, 23:25, 23:25)
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ 3:0 (25:8, 25:19, 25:16)