Кадетската екипа на Струмица 47&72 е единствената во групата А со максимален учинок, четири победи без загубен сет и максимален број на поени по вториот одигран турнир во оваа конкуренција, викендов во Велес.
Струмичките надежи славеа победа од 2:0 над Работнички 71&22, додека службено го добија натпреварот со Јанта Волеј мажи кој втор турнир во низа не се појави на закажан турнир. Домаќинот ГОК Борец исто така имаше две победи на овој турнир, против скопскиот состав, како и службено со Јанта Волеј, но е втор на табелата откако го загуби меѓусебниот дуел со Струмица 71&22 на првиот турнир.
Вториот турнир во групата Б во договор меѓу трите екипи ќе се одржи на 13 декември во Струмица, а истиот е одложен поради одржување на финалниот турнир во категоријата ветерани.
КАДЕТИ, РЕЗУЛТАТИ, ВТОР ТУРНИР
ГРУПА А
ГОК Борец – Работнички 71&22 2:0 (25:18, 25:15)
Струмица 47&72 – Работнички 71&22 2:0 (25:15, 25:16)
Струмица 47&72 – Јанта Волеј 2:0 сл.
ГОК Борец – Јанта Волеј 2:0 сл.
ТАБЕЛА
1.Струмица 47&72 4 4 0 8:0 12
2. ГОК Борец 4 3 1 6:2 9
3. Работнички 71&22 4 1 3 2:6 3
4. Јанта Волеј 0 0 0 0:0 0