Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Гавриловиќ „Поразите се само лекции, ќе продолжиме да се бориме“

  • June 8, 2026

Првиот викенд во годинешното издание од Европската лига 2026 за женската репрезентација на Македонија започна со два загубени натпревари од Унгарија и Португалија во Порто.

Избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ имаа и добри и лоши моменти, подеми и падови, но на крајот противниците успеаја да си ја оправдаат улогата на фаворити.

„Анализирајќи ги двата натпревари кои се зад нас можам да кажам дека сум задоволен од пристапот на одбојкарките на првиот натпревар во Европската лига. Знаевме дека Унгарија е поквалитетен тим од нас, но успеавме да им парираме во повеќето елементи. Ќе го издвојам сервисот со кој успеавме да ја ‘исфрлиме“ од игра една од нивните најдобри играчи. Во финишот на сетовите индивидуалните квалитети на унгарските одбојкарки дојдоа до израз и им донесоа позитивен резултат“, анализира Милош Гавриловиќ и продолжува „Што се однесува до дуелот со Потругалија, не покажавме ни 15 посто од она што го демонстриравме на првиот меч, бидејќи сметам дека можеме да играме егал со Потругалките. Мора да признаам дека тие се многу физички поподготвени од нас, а и не успеавме да го смириме нивниот серви и со тоа беше многу тешко да се организира контра напад. Немавме ниту решение за нивниот блок… Истовремено видовме и дека сме далеку од ривалите и потребно е време и многу работа за да направиме исчекор напред. Факт е дека репрезентативките на противниците играат во сериозни клубови низ Европа и светот и тоа дополнително влијае.“

Македонската делегација вечерва од Порто патува за Аликанте, каде престојниот викенд ќе се одигра вториот турнир од годинешното издание во Евролигата. Покрај домаќинот Шпанија, нашите одбојкарки ќе се соочат и со Азербејџан.

„Од овие два порази мора да извлечеме само поуки и да се потрудиме на престојниот турнир да го кренеме нивото на игра. По рејтинг и по квалитет сите противници кои ги имаме оваа година се подобри, но ние ќе се бориме и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас на секој натпревар. Собираме искуство, растеме и ќе се трудиме да бидеме тврд конкурент за секој“, заклучува предводникот на дамите.

На вториот турнир во Аликанте, Македонија првиот меч го игра на 12 јуни од 19:30 часот против домаќинот Шпанија, додека ден подоцна од од 18:30 часот ќе се соочи со Азербејџан.

  • June 16, 2026

Струмица 47&72 во европско друштво

  • June 15, 2026

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

  • June 15, 2026

Три македонски клуба со апликација во ЦЕВ клупските купови во следната сезона

  • June 14, 2026

Македонија покажа „заби“, но Грција победи

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (230)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (71)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (33)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings